свет

„Turkish Airlines" цели 20 години лета за Чикаго

Во Чикаго, во американската држава Илиноис, беше организирана церемонија по повод 20 години од првиот лет на „Turkish Airlines" во овој град

Bilgin S. Şaşmaz  | 16.09.2017 - Обновена : 17.09.2017
„Turkish Airlines" цели 20 години лета за Чикаго

Illinois

ЧИКАГО (АА) - Турската авиокомпанија „Turkish Airlines" (Туркиш Ерлајнс), која лета на 300 точки во 120 земји, веќе 20 години лета во американскиот град Чикаго, јавува Anadolu Agency (AA).

Во Чикаго, во американската држава Илиноис, беше организирана церемонија по повод 20 години од првиот лет на турската авиокомпанија во овој град.

На свеченоста присуствуваа заменик-директорот на „Turkish Airlines" , Ахмет Олмуштур, турскиот конзул во Чикаго Умут Акар, како и голем број гости.

Олмуштур во своето обраќање пред гостите рече дека е во тек една успешна година за „Turkish Airlines", додавајќи дека авиокомпанијата го зголемила и бројот на патници и бројот на точки на кои лета.

„Моментално летаме на 300 точки во 120 земји", рече Олмуштур.

По обраќањето свечено беше сечена торта подготвена по повод 20-тиот јубилеј на оваа авиокомпанија во Чикаго.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.