свет

„Германија бара поефективна комуникација со Турција"

„Турција е член на НАТО, се наоѓа на европската граница, па така мораме да најдеме начин да комуницираме и да преговараме на многу поефективен начин“, изјави Габриел во обраќањето пред новинарите по состанокот со својот грчки колега, Никос Коцијас

Ekip  | 23.03.2017 - Обновена : 24.03.2017
„Германија бара поефективна комуникација со Турција"

Atina

АТИНА (АА) - Европа треба да пронајде начин за поефективно да комуницира со Турција, изјави денес во Атина германскиот министер за надворешни работи, Сигмар Габриел, јавува Anadolu Agency (AA).

„Турција е член на НАТО, се наоѓа на европската граница, па така мораме да најдеме начин да комуницираме и да преговараме на многу поефективен начин“, изјави Габриел во обраќањето пред новинарите по состанокот со својот грчки колега, Никос Коцијас.

„Турција сигурно не е на прагот за влез во ЕУ, но во ниту еден случај не треба да ја прекинеме комуникацијата, иако работите се тешки“, вели германскиот министер за надворешни работи.

Напуштањето на демократските вредности е неприфатливо, рече Коцијас.

„Ни треба демократска и европска Турција, но проблемот не е наш, туку на Турција. Турција треба да одлучи дали го сака патот на ЕУ“, додаде тој.

Денес беше одбележан последниот ден од дводневната посета на Габриел во Атина, на која тој се состана и со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Оваа посета се случи една година откако беше потпишан договорот за миграцијата меѓу ЕУ и Турција.

Во договорот меѓу Турција и ЕУ беше предвидена формулата „еден на еден“, во чии рамки оние што нема да успеат да добијат азил во Европа ќе бидат вратени во Турција, а сириските бегалци ќе бидат преселени во земјите на ЕУ, во рамките на системот на квоти.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.