свет

„Ерусалим е заедничко прашање за сите муслимани"

„Оваа одлука која нема никакво историско, политичко, хуманистичко ниту дипломатско оправдување претставува огромна провокација за муслиманскиот свет, за целото човештво, како и кршење на резолуциите на Обединетите нации (ОН)“, се вели во соопштението

Semra Orkan  | 08.12.2017 - Обновена : 08.12.2017
„Ерусалим е заедничко прашање за сите муслимани"

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Советодавниот совет на жените во Организација за исламска соработка (ОИК) соопшти дека одлуката на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, Ерусалим да го признае како главен град на Израел, нема историско, ниту политичко оправдание, јавува Anadolu Agency (AA).

„Оваа одлука која нема никакво историско, политичко, хуманистичко ниту дипломатско оправдување претставува огромна провокација за муслиманскиот свет, за целото човештво, како и кршење на резолуциите на Обединетите нации (ОН)“, се вели во соопштението.

Се додава дека одлуката на Трамп е неодговорна и дека отворено го крши меѓународното право.

„Палестинците, особено жените и децата, кои со години под окупација и под прогон се борат за правото и правдата, не сте сами. Ерусалим, кој беше прва кибла во исламот, претставува заедничко прашање на сите муслимани. Освен тоа, Ерусалим, радот на божјите пратеници, претставува симбол на единството и соживотот за целото човештво ", се вели во соопштението.

Се напоменува дека секоја постапка која ќе ја загрози светоста на Ерусалим претставува отворена провокација.

„Според резолуциите на Советот за безбедност на ОН, било каков обид за окупација на Источен Ерусалим претставува кршење на меѓународното право. Палестинското прашање може да се реши само со формирање независна и суверена држава Палестина со Источен Ерусалим како главен град во границите од 1967. Година. Сакаме да потсетиме дека и ОН го прифаќа ваквото решение”, се додава во соопштението на Советодавниот совет на жените на ОИС. На крајот се нагласува дека стекнување на независноста на Плаестина е историска, политичка и хуманистичка нужност.

Трамп на синоќешната прес-конференција соопшти дека е време Ерусалим официјално да биде признаен како главен град на Израел.

Американскиот претседател во таа пригода кажа дека веќе ѝ дал инструкции на американската администрација да започне со подготовките за преместување на амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın