свет

„Израел продолжува со нападите бидејќи е охрабрен од слабоста на муслиманите"

„Потегот на израелската власт, да ги отстрани детекторите од метал пред портите на Ал Акса кој ги навреди муслиманите е потег во добар правец, но не е доволен”, порача Ердоган

Merve Yıldızalp  | 26.07.2017 - Обновена : 27.07.2017
„Израел продолжува со нападите бидејќи е охрабрен од слабоста на муслиманите"

Ankara

АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека многу е болно тоа што исламскиот свет денеска повеќе се споменува поради поделбите отколку обединувањето, повеќе поради судири отколку мир и додаде дека граѓанските војни, братоубиствените судири и политика на подаништво, се повеќе ги дели луѓето и исламскиот свет, јавува Anadolu Agency (AA).

Денеска во претседателската палата во Анкара се одржа Собир за формирање на високообразовно поле во исламскиот свет, а на учесниците им се обрати турскиот претседател Ердоган, кој потсети дека вистината се раѓа при судир на идеи и додаде дека универзитетите и академските заедници се места каде тоа се случува.

Заблагодарувајќи му се на челникот на Советот на високото образование, проф. д-р Јекта Сарач на успешната организација на денешната конференција, турскиот претседател Ердоган рече дека расправата за проблемите во тој сектор отвара нова врата на соработка.

„Во сржта на исламската цивилизација се братството и солидарноста, како тули од кои се гради ѕид. Од тој аспект, во процесот на меѓусебно зближување, нашите политички, месхепски и етнички разлики се наше најголемо богатство и наша најголема шанса, а во никој случај причина за проблеми”, рече Ердоган.

Ердоган истакна дека е тажна кризата во Заливот во која се вклучени неколку земји.

Ердоган рече дека сите проблеми можат да се надминат со дијалог, и дека е неприфатливо некоја земја да се втурнува во ќош.

„Повеќе од секогаш, потребна е солидарност и братство. Моменталниот собир пред мене го гледам како темел на таква состојба, но тоа мора да има своја константа”, рече Ердоган и додаде дека има голем број нелогични примери, налик на Сирија и Ирак, во која муслиманите се убиваат меѓусебно, и сето тоа со извици за едниство на Господ.

Нагласувајќи дека Ерусалим е симбол на мирот и дека во него се штити карактерот на исламот, Ердоган рече дека Израел секојдневно воведува нови мерки и напади врз Ерусалим и исламот, а сето тоа го прави охрабрен со фактот за актуелната слабост и поделба меѓу муслиманите.

„Потегот на израелската власт, да ги отстрани детекторите од метал пред портите на Ал Акса кој ги навреди муслиманите е потег во добар правец, но не е доволен”, порача Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.