свет

Кери: Срамно повлекување на САД од Парискиот договор

„Парискиот договор за климатски промени е резултат на 26 годишната а не едногодишна работа, но го дискредитираа луѓето кои не се разбираат во наука“, вели Кери во изјавата за медиумите за време на „One Planet Summit“ кој се одржува во Париз

Ömer Aydın, Yusuf Özcan  | 12.12.2017 - Обновена : 12.12.2017
 Кери: Срамно повлекување на САД од Парискиот договор

Ile-de-France

ПАРИЗ (АА) - Поранешниот американски државен секретар, Џон Кери, изјави дека е срамотно повлекување на таа земја од Парискиот договор за климатски промени, јавува Anadolu Agency (AA).

„Парискиот договор за климатски промени е резултат на 26 годишната а не едногодишна работа, но го дискредитираа луѓето кои не се разбираат во наука“, вели Кери во изјавата за медиумите за време на „One Planet Summit“ кој се одржува во Париз.

Поранешниот министер додаде дека од договорот не се повлекол американскиот народ туку американскиот претседател Доналд Трамп.

Исто така, осуди и дека САД на самитот за климатски промени пратил само еден претставник.

Потсетуваме, на самитот кој е организиран во соработка со Франција, ОН и Светската банка, повикани се околу стотици лидери, но не и Трамп.

Договорот за климатски промени е постигнат на 12 декември во 2015 година во Париз. Трамп на 1 јуни 2017 година соопшти дека САД се повлекува од Парискиот договор за климатски промени кој на 22 април во 2016 година го потпишаа повеќе од 190 земји.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın