свет

„Кризата во врска со араканските муслимани вистински тест за Мјанмар“

„Моменталната ситуација е вистински тест за моќта на оваа власт“, изјави американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, во своето обраќање

Michael Hernandez  | 19.10.2017 - Обновена : 20.10.2017
„Кризата во врска со араканските муслимани вистински тест за Мјанмар“

Washington

ВАШИНГТОН (АА) - Вината за тековната криза на заедницата Рохинџа во Мјанмар се наоѓа целосно во военото водство на земјата, изјави американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, јавува Anadolu Agency (AA).

„Моменталната ситуација е вистински тест за моќта на оваа власт“, изјави Рекс Тилерсон во своето обраќање во кое го повика военото водство на Мјанмар да одлучи во кој правец сака да игра во однос на иднината на Мјанмар, бидејќи тие го гледаат Мјанмар како важна демократија во подем.

Цивилната страна на владата во моментов е предводена од Аунг Сан Су Кји, но таа ја дели власта со војската на Мјанмар.

„Она што ја советувавме вашата војска откако дознавме дека имате сериозни бунтовничко-терористички елементи во делови на вашата земја е дека мора да биде дисциплинирани и воздржани во тоа како се справувате со нив“, изјави Тилерсон.

„Вие мора да дозволите пристап во овој регион така што ќе добиеме целосна слика за околностите“, додаде тој зборувајќи во Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон.

Според ОН, од 25 август околу 582.000 Рохинџа муслимани пребегаа од Аракан во Бангладеш.

„Неколку лица, вработени во амбасадата на САД, успеја да стигнат во Аракан за проценка на ситуацијата“, рече Тилерсон при што нагласи дека Вашингтон продолжува да врши притисок со цел овозможување на пристапот на хуманитарните организации во кризното подрачје.

Араканските Рохинџа муслимани веќе со години се најзагрозеното етничко малцинство во светот, а веќе неколку недели се соочуваат со нов бран насилства во мјанмарскиот регион Аракан.

Поради фактот што во кризното подрачје нема претставници на меѓународните организации, невозможно е да се зборува за прецизен биланс на загинатите во нападите врз муслиманските села. Шефот на дипломатијата на Бангладеш, Абул Хасан Махмуд, изјави дека најмалку 3.000 муслимани се убиени од 25 август до денес.

Турција е прва во обезбедувањето помош за Рохинџа муслиманите, а претседателот Реџеп Таип Ердоган го покрена ова прашање во ОН.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.