свет

„Операцијата во Африн нема да ги вовлече во хаос односите на Турција и САД"

Портпаролот на Пентагон, Ерик Пахон, ги негираше тврдењата дека операцијата во Африн ќе ги вовлече во хаос турско-американските односи, и нагласи дека еден чекор не може да предизвика хаос, и дека продолжуваат со редовните комуникации со Турција

Kasım İleri  | 20.01.2018 - Обновена : 20.01.2018
„Операцијата во Африн нема да ги вовлече во хаос односите на Турција и САД"

Washington DC

ВАШИНГТОН (АА) - Портпаролот на Пентагон, Ерик Пахон, ги негираше тврдењата дека операцијата во Африн ќе ги вовлече во хаос турско-американските односи, и нагласи дека еден чекор не може да предизвика хаос, и дека продолжуваат со редовните комуникации со Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).

Пахон во изјава за АА се осврна на коментарите на социјалните мрежи околу тоа дека американските претставници чии имиња не се спомнати, истакнуваат дека, во случај Турција да изврши операција во Африн, тоа ќе ги доведе во хаос односите меѓу Турција и САД, и дека ќе предизвика регионални конфликти.

„Нема да коментирам околу тоа бидејќи тоа е многу екстремен став“, изјави Пахон, истакнивајќи дека односите меѓу двете земји не функционираат на тој начин.

„Само еден чекор не може да биде причина за хаос или колапс. Ние сме во редовна комуникација со нашиот сојузник Турција“, нагласи Пахон.

„Затоа разговараме. Вусшност тоа значи сојузник. Сојузниците можеби не делат секое мислење, но се подготвени да работат заедно. Особено во Африн, таму не се наоѓаат нашите (војници), затоа нема директно влијание врз нас. Сакаме секој да го видиме дека сите се фокусирани на тоа дека ДЕАШ, нашата главна цел, повторно не консолидира“, истакна Пахон, гласноговорник на Пентагон.

Во врска со прашањето околу постигнатиот договор меѓу Турција и Русија за повлекување на руските сили од Африн, Пахон рече дека ова е прашање меѓу Турција и Русија, и дека САД не се вклучени во тоа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın