свет

„Политичарите од САД не се во позиција да ѝ држат лекции на Анкара“

„Зошто САД се прават слепи пред престојот на Ѓулен во државата?“

Ekip?  | 29.09.2016 - Обновена : 30.09.2016
„Политичарите од САД не се во позиција да ѝ држат лекции на Анкара“

Ankara

АНКАРА (АА) – Доцент д-р Мајкл Рејнолдс од одделот за блискоисточни студии при Универзитетот „Принстон” изјави дека политичарите од САД не се во позиција да ѝ држат лекција на Анкара. „Особено не со занемарување на следењето и истражувањето на криминалните активности на Ѓулен пред и по добивањето на жителството во САД“, јавува Anadolu Agency (AA).

Рејнолдс на интернет-страницата на Институтот за истражување на надворешната политика (Foreign Policy Research Institute) објави статија под наслов „Оштетена демократија: САД, Фетула Ѓулен и промените во Турција“, во која вели дека престојот на Ѓулен во САД ги поставило во лоша позиција односите меѓу САД и Турција.

Мајкл Рејнолдс го истакна своето гледиште: „Анкара го сака Ѓулен назад. Доколку САД тоа не го направи, можен е прекин на односите. Тоа нема врска само со претседателот на Турција, Ердоган, или со некој друг. Од Турците 81,5 отсто бараат испорака на Ѓулен, додека 77 отсто сметаат дека Ѓулен и неговите поддржувачи се закана за редот и иднината на Турција“.

Рејнолдс вели дека најголем дел од Турците не се против Ѓулен затоа што тој е опозиција, туку затоа што го наруши редот во земјата, има голема улога во насилниот обид за државен удар и веруваат дека тој е продолжена рака на странските интереси.

- „Зошто САД се прават слепи пред престојот на Ѓулен во државата?“ -

Рејнолдс во својот напис вели дека иако Турција со години предупредува за лидерот на терористичката организација на ФЕТО, Фетула Ѓулен, САД се прават слепи околу неговиот престој во САД и продолжи:

„Американските политичари не се во позиција да ѝ држат лекција на Анкара. Особено не со занемарување на следењето и истражувањето на криминалните активности на Ѓулен пред и по добивањето жителство во САД. Ѓулен е многу влијателна личност. И покрај долгогодишните предупредувањата од страна на Турција во врска со Ѓулен, зошто САД замижа околу давањето жителство во државата? Штетата која ја направија поддржувачите на Ѓулен врз турската демократија, и процесите 'Ергенекон' и 'Балјоз' е неизмерно голема.“

Одговорните од Америка и Европа и набљудувачите користеле погрешна реторика по обидот за државен удар, истакна Рејнолдс: „За време на настаните, претседателот на САД Барак Обама постојано велеше ‘потребно е сите страни да се однесуваат во рамките на владеењето на правото’, што не беше само еден глупав очајнички глас. Истовремено, со неутралниот став кон бунтовниците кој го презентираше Обама, не е видена друга таква легитимност за подмолно соборување на избраната власт.“ 

Рејнолдс нагласи дека Ѓулен и неговите поддржувачи направиле предавство на покажаното гостопримство во САД: „Ѓулен и неговите поддржувачи, ниту се извинија за направената злоупотреба на своите должности, ниту пак Ѓулен ги критикуваше своите поддржувачи за извршениот напад и направените измами. Со презентираните видеа и поставените скриени зборови, десет години переше мозоци, и спроведе метод кој ги навредуваше правата и луѓето со одредени ставови. Ѓулен и неговите поддржувачи ги кршеле законите и уредувањето на САД, на еден систематски начин, од една држава во друга и на еден засрамувачки начин даде одговор на покажаното гостопримство кон нив“. 

- „Народот на САД не му должат ништо на Ѓулен“ -

Рејнолдс истакна дека народот на САД не му должат ништо на Ѓулен: „Вашингтон не е подготвен за испорака на Ѓулен, бидејќи смета дека тоа ќе го зајакне Ердоган, ќе го зголеми неговиот авторитет и се загрижени дека тоа полека, полека ќе ја уништи преостаната демократија во Турција. Одговорните во САД, со поддршка на ‘умерените муслимански демократи’, со цел за раширување на демократијата, му даваат засолниште на Ѓулен кој извршил злодела, кој беше причина да ѝ се наштети на една од водечките демократии и стабилноста на Средниот Исток. Оставајќи ги и оправдувањата настрана, колку порано ќе ги согледаме вистинските интереси на турскиот народ во Турција, толку тоа ќе биде подобро и за нас.“

- „Престојот на Ѓулен во САД го одобрија двајца агенти на ЦИА“ -

Рејнолдс рече дека претходно Ѓулен постојано ја негирал својата директна поврзаност со раководствата на училишта или фондации. Рејнолдс потсети дека Ѓулен изјавувал оти само охрабрувал одредени лица околу формирањето на некои училишта, што во Бирото за државјанство и имиграции на САД го сметале за недоволно веродостојно и го одбиле.

Мајкл Рејнолдс во својата статија вели: „Адвокатите на министерот за внатрешни работи Мајкл Чертоф од тоа време, рекле дека Ѓулен нема никаква диплома од која било област и не е пронајден каков било запис за него во врска со некакви академски работи. Адвокатите рекле дека Ѓулен, за да прикрие некои работи, користел академски изговори. Тоа е добра идентификација. Но Ѓулен имаше поддржувачи со влијателни пријатели. Меѓу оние кои го ратификувале неговото барање за жителство се двајца поранешни агенти на ЦИА и еден амбасадор на САД. Барањето на крај е одобрено.“

„Ѓулен посака да дојде во САД. Беше човек кој имаше голема група поддржувачи во Турција и истовремено беше застапен на глобално ниво. Покрај Фулер Грахам, (поранешен одговорен во ЦИА) и поранешниот агент на ЦИА, Џорџ Фидас, како и амбасадорот на САД во Турција, Мортон Абрамовиц, го поддржале барањето за престој на Ѓулен. Судот, барањата на Ѓулен од 2006 и 2008 година ги имаше одбиено, но Ѓулен продолжи со своите заложби за добивање жителство. Прашањето зошто Ѓулен ги избра САД, ги стави во мисла Турците и пред 15 јули 2016 година“, зборување Рејнолдс. 

„Ѓулен и неговите поддржувачи сакаат да ја прикажат разделбата од Турција како несреќна и несакана”, рече Рејнолдс. Лидерот на ФЕТО го привлече вниманието откако на суд во 2006 година, иако сите обвинувања против него паднаа, тој продолжи со барањето за добивање постојано жителство во САД, што претставуваше по малку контрадикторна ситуација.

- „Во обидот за државен удар во државата загинаа 241 лице“ -

Рејнолдс во својот напис на читателите им даде широк опис за обидот за државен удар на 15 јули информирајќи ги уште од самиот почеток. 

Во написот стои дека некои елементи на турските вооружени сили на 15 јули 2016 година се обиделе да извршат државен удар и да ја сменат легитимно избраната власт и претседателот Реџеп Таип Ердоган. „Обидот на бунтовниците да ја парализираат власта или турскиот народ беше неуспешен и на еден брз начин се појави отпор на народот“, изјави Рејнолдс.

Рејнолдс потсети дека премиерот Бинали Јилдирим се појави на телевизија еден час по обидот за државен удар, обраќајќи ѝ се на јавноста дека станува збор за нелегален обид, кој ќе биде потиснат. Началникот на Генералштабот на турската армија, Хулуси Акар, одбил да даде поддршка на бунтот, што претставувало пречка за бунтовниците за добивање пасивна поддршка од страна на вооружените сили во обидот за државен удар. Рејнолдс потсети дека лојалните единици во рамките на вооружените сили и полицијата им се спротивставија на бунтовниците, додека претседателот Реџеп Таип Ердоган преку смарт телефон се поврза на еден телевизиски канал и го повика народот да излезе на улиците во знак на протест против обидот за државен удар.

Рејнолдс истакна дека значајна улога во неуспехот на обидот за државен удар имала и Управата за верски прашања на Турција. 

„ Управата за верски прашања на Турција ги задолжи своите 110 илјади имами преку минарињата да го повикаат народот на отпор против бунтовниците. Покрај големиот спектар на различни политички правци, за целосно обединување во отпорот и излегување на улиците, најверојатно во голема мера е мотивот за заштита на исламот“, смета Рејнолдс.

Рејнолдс истакна ФЕТО има училишта на пет континети, информативни медиуми, банка и бизнис мрежа предводена од Фетула Ѓулен, кој претставува една верска фигура. Ѓулен кој последните 17 години престојува во САД, заедно со своите поддржувачи, покрај останатите инвестиции, од САД има приходи од околу 500 милиони долари за потпишаните договори за раководење со 140 училишта.

„Њујорк тајмс” и останатите весници ги документираа училиштата на Ѓулен во САД, во кои постојано се случувале скандали, рече Рејнолд и додаде дека Федералното истражно биро (ФБИ) за училиштата во Тексас, Пенсилванија, Џорџија, Вирџинија и во Охајо имало пријави за визна злоупотреба во различни држави, мито, измами на испитите, други кривични дела и законски повреди, поради што е поведена истрага. 

Рејнолдс истакна дека Западот информираше во затворена форма за обидот за државен удар. Всушност обидот бил добро испланиран, со вооружени десетина илјади лица кои тргнале во акција, а главна цел им била отворање оган врз толпата, уништување на отпорот на народот, напаѓање различни цели од воздух со авиони и хеликоптери, прикажувајќи страотна слика во обидите за убивање.

- „Турскиот народ во овој обид за државен удар одби да остане пасивен“ -

Рејнолдс рече дека пучистите наликувале на кукавичките комунисти кои пред 25 години направија план за пуч против Горбачов. „Овој пат турскиот народ одби да биде пасивен во обидот за државен удар. Во главниот град Анкара и во Истанбул десетици илјади луѓе излегоа на улиците”, напиша во својот напис Рејнолдс.

Според Рејнолдс, доколку успееше обидот за државен удар на 15 јули, како и претходно, војската ќе ја преземеше цивилната власт, но подоцна не ќе се случеше преод кон демократска цивилна власт. Напротив, доколку успееше пучот, тој ќе предизвикаше граѓанска војна, која можеше да земе верски димензии.

- „Доколку некој им застанеше на патот, ги користеа сите државни сили за да го отстранат“ -

Мајкл Рејнолдс рече: „Терористите, со цел да го отстранат легимитетот на државата и да доведат до нејзина дестабилизација, вршеа напади однадвор, додека ФЕТО навлезе во државата, и започна да ги презема безбедносните сили, судството, финансиските институции и останатите иституции под своја контрола. На начин спротивен на законите, секој кој ќе им излезеше на патот го острануваа, користејќи ги државните можности и позиции.“ 

Рејнолдс за структурата на ФЕТО рече дека наликува на јадро, со лабава пријателска мрежа и надворешна мрежа на симпатизери, формирајќи „скалеста лојална мрежа“. Пред оваа разновидност, не е позната точната бројка на членови на ФЕТО.

Според Рејнолдс, во ФЕТО членуваат околу 5 милиони лица, а организацијата во светот има образовни институции, почнувајќи од градинки до универзитети. Се претпоставува дека поседува бизнис мрежа со економска моќ од околу 20 до 50 милијарди долари. 

„ Сознанието за зацврстувањето на ФЕТО во турските вооружени сили (ТВС) без да бидат вознемирени, создава сомнеж дека меѓу САД и Ѓулен постои поврзаност”, истакна Рејнолдс. Еден Американец, кој во 1990 година учествувал како советник во турските вооружени сили, рекол дека генералите во армијата во неколку наврати се жалеле на Ѓулен дека тој е „Франкенштајнот на САД“, се вели во написот на Рејнолдс. 

Тој истакна дека Ѓулен во ТВС пристапил со скепса, сметајќи дека би имал големи пречки во инфилтрирањето во војската и дека влезот во полицијата за него би било полесна цел. Рејнолдс пишува дека кон крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите, членовите на ФЕТО се инфилтрирале во редовите на безбедносните сили. Плашејќи се да не биде уапсен од ТВС, во 1999 година Ѓулен бега за САД.

Рејнолдс во својот напис вели дека за време на Студената војна меѓу САД и СССР, наспроти социјалистичките движења, бил користен исламот, потсетувајќи дека тоа имало голем успех, особено во Авганистан, Турција и на некои други места. Големиот поддржувач на Ѓулен, поранешниот агент на ЦИА Грахам Фулер рекол: „Добро е водена политиката за поддршка на исламот и политиката за поддршка насочена против нашите непријатели, особено во Авганистан против Русија. Истата доктрина може да се искористи и за дестабилизација на преостанатата сила на Русија и за кршење на нејзиното влијание во Кина и во Средна Азија“, се вели во статијата на Рејнолдс.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın