свет

„Пресудата на Младиќ е значајна победа за правдата“

Високиот комесар на ОН за човекови права, Зеид Раад Ал Хусеин ја поздрави денешната пресуда на Хашкиот трибунал против генералот Ратко Младиќ, воениот командант на Војската на Република Србија, нарекувајќи ја значајна победа за правдата

Ekipa  | 22.11.2017 - Обновена : 22.11.2017
„Пресудата на Младиќ е значајна победа за правдата“

Geneve

ЖЕНЕВА (АА) - Високиот комесар на ОН за човекови права, Зеид Раад Ал Хусеин ја поздрави денешната пресуда на Хашкиот трибунал против генералот Ратко Младиќ, воениот командант на Војската на Република Србија, нарекувајќи ја значајна победа за правдата, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението, кое е објавено кратко по изрекувањето на пресудата, Ал Хусеин изјави дека Младиќ претставува олицетворение на злото, а дека неговото кривично гонење е олицетворение на сето она што меѓународното право го претставува.

„Младиќ командуваше со некои од најмрачните злосторства што се случија во Европа по Втората светска војна, кои доведоа до тероризирање, смрт и уништување на илјадници жртви, но и тага, трагедија и траума за безброј други. Денешната пресуда е предупредување дека сторителите на ваквите злосторства не можат да ја избегнат правдата, без оглед на тоа колку се моќни и колку долго тоа може да трае. На крајот, сите тие ќе одговараат“,се вели во соопштението на Ал Хусеин за јавноста.

Судскиот совет на Хашкиот трибунал денес го осуди Ратко Младиќ на доживотен затвор, за злосторствата геноцид во Сребреница во 1995 година, гранатирање и снајперско дејствување против цивилите во Сараево, за злосторства против човештвото и воени злосторства, кршење на Законот за обичајот на војување, како и за земање на припадниците на ОН како заложници.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.