свет

„Шарли Ебдо“ повторно со исламофобична насловна страница

Француското сатирично списание „Шарли Ебдо“ повторно е во центарот на контроверзиите со новата насловна страница преку којашто го обвинува исламот за терористичките напади во Европа

Hajer M'tırı  | 23.08.2017 - Обновена : 24.08.2017
„Шарли Ебдо“ повторно со исламофобична насловна страница

Ile-de-France

ПАРИЗ (АА) - Француското сатирично списание „Шарли Ебдо“ повторно е во центарот на контроверзиите со новата насловна страница преку којашто го обвинува исламот за терористичките напади во Европа, Anadolu Agency (AA).

Илустрацијата прикажува двајца пешаци натопени со крв откако се удрени од комбе во движење, со наслов: „Исламот е религија на мирот вечен“.

Тоа стана една од главните теми на „Twiter“ (Твитер) во Франција, каде што корисниците ја окарактеризира насловната страница како исламофобична, расистичка и ужасна.

Интернет корисниците го обвинија списанието и за поттикнување омраза против муслиманите преку поврзување на исламот со тероризам.

Истакнатиот пратеник од социјалистите и поранешен министер Стефан Ле Фол истакна дека „Шарли Ебдо“ ризикува да стане подгревач на исламофобијата и ја окарактеризира насловната страница како исклучително опасна.

„Да се ​​каже дека исламот е религија на мирот, наведувајќи дека всушност дека е религија на смртта, е исклучително опасно“, изјави Ле Фол за француската телевизија„BFMTV“ (БФМТВ).

„Кога сте новинар, мора да применувате воздржаност, бидејќи правењето вакви асоцијации може да биде искористено од други“, додаде тој.

Насловната страница доаѓа кратко по терористичките напади на Лас Рамблас во централна Барселона и оној во каталонскиот град Камбрилс, во коишто загинаа 15 лица, а беа повредени околу 100.

Франција и Европа, генерално, претрпеа низа терористички напади, во кои се користат возила како оружје за неселективно убивање на цивилите.
И муслимани и немуслимани се жртви на нападите во Лондон, Берлин, Ница и на други места.

И седиштето на „Шарли Ебдо“ беше цел на терористички напад во јануари 2015 година, кога двајца вооружени напаѓачи извршија напад на канцелариите во Париз, убивајќи 12 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın