свет

„Ќе продолжиме да соработуваме со нашите сојузници, како што е Турција“

Државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон, рече дека САД ќе продолжат да бидат присутни во Сирија сè додека терористичката организација ДЕАШ целосно не биде поразена

Safvan Allahverdi  | 18.01.2018 - Обновена : 18.01.2018
„Ќе продолжиме да соработуваме со нашите сојузници, како што е Турција“

Washington

ВАШИНГТОН (АА) - Државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон, рече дека САД ќе продолжат да бидат присутни во Сирија сè додека терористичката организација ДЕАШ целосно не биде поразена, јавува јавува Anadolu Agency (AA).

„Ќе продолжиме со военото присуство додека ДЕАШ не биде целосно поразен во Сирија. Ние нема да ја повториме грешката од Ирак во 2011 година“, рече Тилерсон.

Тој посочи дека САД ќе продолжат да соработуваат со своите сојузници, вклучувајќи ја и Турција.

„Ние ќе продолжиме да работиме со нашите сојузници, како што е Турција. Ќе ја земеме предвид загриженоста на Турција околу терористите на ПКК“, рече Тилерсон.

Тој додаде дека САД веруваат дека Турција, исто така, треба да учествува во градењето на иднината на Сирија.

„Знаеме за хуманитарната помош што Турција ја пружа во Сирија. Имаме потреба од Турција за да ја изградиме иднината на Сирија“, рече американскиот државен секретар.

Од друга страна, заменик-премиерот и портпарол на Владата на Република Турција, Бекир Боздаг, по седницата на владата, претходно рече дека е исклучително важно САД веднаш да прекинат со поддршката на ПЈД/ЈПГ.

„Постои голема контрадикција меѓу она што американската администрација ни го зборува на нас, за настаните во Сирија и она што се случува на терен. Повторно апелираме, важно е да се повлече оружјето дадено на ПЈД/ЈПГ, огранокот на ПКК во Сирија. Крајно важно е веднаш да се прекине поддршката што САД им ја пружаат на ПЈД/ЈПГ. Потребно е да се откажат од напорите со цел формирање терористички коридор во регионот и да престанат со поддршка во напорите за формирање на терористичка војска“, рече Боздаг.

Турскиот Совет за национална безбедност исто така соопшти дека Турција нема да дозволи формирање терористички коридор покрај нејзините граници.

Членовите на Советот разговараа на повеќе теми поврзани со развојот на настаните во Турција и регионот, особено за ситуацијата во соседна Сирија, со фокус на пограничното подрачје на Aфрин, кое е контролирано од страна на терористичката организација ПЈД/ПКК.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın