свет

13 лица загинаа во поморска несреќа во Пакистан

Меѓу жртвите на несреќата што се случи во близина на брегот на Тата, има пет жени и три деца, а 15 патници се спасени

Mustafa Deveci  | 07.12.2017 - Обновена : 08.12.2017
13 лица загинаа во поморска несреќа во Пакистан

Islamabad

ИСЛАМАБАД (АА) - Најмалку 13 лица загинаа во бродоломот во близина на Оманскиот Залив во Пакистан, јавува Anadolu Agency (AA).

Како што јавуваат локалните медиуми, несреќата се случила во близина на брегот на градот Тата, кој припаѓа на сојузната пакистанска држава Синд. Со бродот се превезувале повеќе од 50 луѓе, за да присуствуваат на религиозна церемонија.

Меѓу жртвите има пет жени и три деца, а 15 патници беа спасени.

Се трага по повеќе од 20 исчезнати патници, а спасувачките акции беа поддржани од пакистанските поморски сили.

Уште не е позната причината за несреќата, а истрагата е во тек.

Очевидецот кој зборуваше за локалните медиуми тврди дека бродот веројатно потонал поради претовареност.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın