свет

Авганистан: Загинаа 43 припадници на безбедносните сили при напад на талибанците на воен камп

Официјално безбедносно лице истакна дека нападот е извршен со два тенка на кои била монтирана експлозивна направа.

Sayed Khodaberdi Sadat  | 19.10.2017 - Обновена : 20.10.2017
Авганистан: Загинаа 43 припадници на безбедносните сили при напад на талибанците на воен камп

Kabul

КАБУЛ (АА) - Во двојниот самоубиствен напад на воен камп во авганистанската покраина Кандахар починаа уште двајца војници, односно вкупно 43, јавува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот на Министерството за одбрана на Авганистан, Девлет Везири, изјави дека нападот на воен камп во подрачјето Мајванд го извршија талибанците.

Тој додаде дека во нападот беа ранети деветмина војници, а непозната е судбината на шестмина нив.

Официјално безбедносно лице истакна дека нападот е извршен со два тенка на кои била монтирана експлозивна направа. Тој додаде дека талибанците по нападот привремено го зазеле кампот. Контролата врз кампот е вратена по извршената воздушна акција.

Се претпоставува дека во моментот на нападот во кампот се наоѓале околу 60 војници. Талибанците кои ја презедоа одговорноста за нападот, тврдат дека во нападот се убиени сите војници.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.