свет

Агентот на ЦИА кој прв го испитуваше Садам Хусеин: Во Ирак немаше хемиско оружје

„По распитот кој траеше повеќе од два месеци и на крајот се сведе на темата оружје за масовно уништување, дојдов до истиот заклучок како и Садам. Во Ирак немало хемиско оружје“

Kasım İleri  | 23.03.2017 - Обновена : 23.03.2017
Агентот на ЦИА кој прв го испитуваше Садам Хусеин: Во Ирак немаше хемиско оружје

Washington

ВАШИНГТОН (АА) - Поранешниот агент на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Никсон, кој прв го испитувал соборениот ирачки лидер Садам Хусеин, изјави дека по испитувањето, кое траело повеќе од два месеци, донеле заклучок дека во таа земја нема хемиско оружје, јавува Anadolu Agency (AA).

Никсон говореше на Институтот Брукингс во Вашингтон, по повод првото издание на неговата книга „Испитување на претседателот“ (Debriefing the President).

Пред вработувањето во ЦИА, Никсон се занимавал со истражувања во областа на националната безбедност на Универзитетот Џорџтаун, со посебен акцент на поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин. Тој истакна дека осум месеци по окупацијата во 2003 година, отпатувал за Ирак.

Наведе дека претходно слушнал бројни приказни за Хусеин, дека има двојници, и дека за време на подготовките детално работел на обемен фото и видео материјали.

„Влегов во просторијата за да утврдам дали е тоа вистинскиот Садам. Ги имавме сите негови физички особини, како што се тетоважите на неговото племе на раката, траги од куршум на ногата. Сето тоа го проверив, но кога влегов во просторијата и кога ме погледна в лице, сфатив дека тоа беше Садам Хусеин“, рече Никсон.

Понатаму истакна дека американската администрација, откако тој беше уапсен, не знаела што да прави со Хусеин и дека со недели траеле испитувањата и разговорите со него на тема историјата на Ирак и Блискиот Исток.

Никсон рече дека испитувањата во врска со оружјето за масовно уништување траеле долго и продолжи:

„По распитот кој траеше повеќе од два месеци и на крајот се сведе на темата оружје за масовно уништување, дојдов до истиот заклучок како и Садам. Во Ирак немало хемиско оружје. Ирачкиот режим немал нуклеарна, ниту програма за хемиско оружје. Освен тоа, Садам немал таков план ниту за во иднина“, порача Никсон.

Тој нагласи дека ставот на спротивставување што го имал Хусеин кон контролорите од Обединетите нации бил разбирлив, додавајќи дека соборениот лидер на Ирак мислел оти меѓу нив ќе има и бројни припадници на разузнавачките служби.

„Од една страна темите во врска со кршењето на суверените права, Садам стравуваше дека разузнавачките служби би можеле да влезат во земјата и да ги најдат местата и капацитетот на вооруженоста на неговата војска. Уште поважно, тој стравуваше дека агентите на тој начин ќе можат да ги откријат слабите точки на режимот, а неговата загриженост во врска со ова прашање беше разбирлива“, рече Никсон.

Тој истакна дека Садам Хусеин бил свесен за фактот дека ќе биде погубен, но и покрај тоа бил прилично мирен. Никсон за Хусеин изјави дека бил еден од најхаризматичните лидери кои ги сретнал.

Никсон додаде дека тогаш сите во американската администрација очекувале дека Садам Хусеин ќе изврши самоубиство пред да биде фатен, но, како што рече, психијатрите на ЦИА установиле дека личност како него не може да изврши самоубиство.

Тој додаде дека за време на еден од разговорите со Хусеин му рекол дека тој е симнат од власт, и оти во Ирак ќе се формира нова влада, на што тој одговорил дека САД ќе бидат безуспешни во Ирак.

„Ми рече: 'Вие не ја понавате оваа земја Ако заминам јас, оваа земја ќе се претвори во легло на тероризмот и бројни групи оваа земја ќе ја претворат во бојно поле'. Не му реков ништо, но во себе одговорив: 'Да, во право си по ова прашање'. Тој го нагласуваше ширењето на Иран и на шиитите, и дека тоа може да има сериозни последици врз ирачкото општество, но и пошироко на арапското подрачје. Навистина, тоа и го предвиде“, рече Никсон.

Тој истакна дека многумина верувле, меѓу кои и тој самиот, дека Ирак по погубувањето на Хусеин ќе продолжи по свјот пат на една правна држава, но рече дека доживеал големо разочарување кога видел дека Хусеин е погубен пред камери и со пароли.

Садам Хусеин владееше со Ирак од 1979 до 2003 година. Неговото судење траеше околу една година, по што беше осуден на смрт со бесење на 30. декември 2006 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.