свет

Анчелоти: Не можеме да дозволиме да го оставиме Роналдо сам

Имаме помалку шанси отколку на првиот натпревар, но во секој случај, можеме да победиме и да одиме понатаму, вели Анчелоти

Dejan Maksimoviç  | 18.04.2017 - Обновена : 19.04.2017
Анчелоти: Не можеме да дозволиме да го оставиме Роналдо сам

Madrid

МАДРИД (АА) - Двата великана на европскиот фудбал, Реал Мадрид и Баерн Минхен, вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ ќе го одиграат реванш-натпреварот во четвртфиналето на Лигата на шампионите. По првиот натпревар, „кралскиот клуб“ има голема предност од 2:1, но Карло Анчелоти смета дека не е сѐ завршено, особено ако неговата одбрана не дозволи Роналдо да остане сам во близина на голот, јавува Anadolu Agency (AA).

Во минхенскиот дуел, Роналдо даде два гола и го одведе својот тим до пресврт и до гостински триумф, кој може да биде пресуден.

„Мали детали одлучија на првиот натпревар и ние треба да се фокусираме на нив. Не можеме да си дозволиме Роналдо да го оставиме сам. Имаме помалку шанси отколку пред првиот натпревар, но во секој случај, можеме да победиме и да одиме понатаму. Во првите 60 минути од натпреварот во Минхен бевме добри, но потоа направивме премногу грешки“, изјави Анчелоти.

Италјанскиот тренер особено го радува враќањето на неговиот прв напаѓач и најдобар стрелец, Роберт Левандовски, кој поради повреда го пропушти првиот натпревар.

„Левандовски е одличен играч и неговото враќање ќе биде од голема помош. Тој тренираше со тимот без никакви проблеми. Тоа ја засили нашата доверба, но ние нема да ја промениме нашата стратегија“, заклучи Анчелоти.

Реваншот во четвртфиналето на Лигата на шампионите, меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен ќе се одигра вечерва, на „Сантијаго Бернабеу“, со почеток во 20.45 часот.

Другиот реванш-дуел во четвртфиналето на вечерашната програма ќе го играат Лестер Сити и Атлетико Мадрид, на стадионот „Кинг пауер“, во истиот термин.

Играчите од Мадрид на првиот натпревар славеа со 1:0. 


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın