свет

Анџелина Џоли го критикуваше Трамп

Оскаровката и амбасадорка на добрата волја при Високиот комесаријат за бегалци на ОН, Анџелина Џоли ја критикуваше забраната за визи и политиката кон мигрантите на новиот претседател на САД, Доналд Трамп

Dildar Baykan  | 03.02.2017 - Обновена : 04.02.2017
Анџелина Џоли го критикуваше Трамп

Ankara

ЊУЈОРК (АА) – Оскаровката и амбасадорка на добрата волја при Високиот комесаријат за бегалци на ОН, Анџелина Џоли ја критикуваше забраната за визи и политиката кон мигрантите на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).

Џоли објави колумна во весникот „Њујорк тајмс“ во која нагласи дека донесувањето на забраната за виза на 7 исламски држави и ограничувањето на влезот за мигрантите во државата не е американски стил.

За верската дискриминација и расизмот кон мигрантите, Џоли напиша: „Ова е покана за нестабилноста од којашто бегаме“.

Џоли понатаму истакнува дека проблемите растат кога вредностите се губат и додава: „Не е во наш стил да ги затвораме вратите за мигрантите или пак да ги дискриминираме. Ова нема да нѐ направи побезбедна држава“.

Џоли во својата колумна пишува дека мигрантите кои бегаат од тероризам и од угнетување во други држави, најмногу имаат потреба од здравствени услуги. Во продолжението, таа наведува дека е познато оти имигрантите кои живеат во САД веќе поминуваат низ различни проверки од страна на државните институции.

„Секоја влада мора да држи рамнотежа со потребите на граѓаните во рамките на меѓународната одговорност, меѓутоа, кога ова го правиме, треба да бидеме реални и умерени. Во основата на нашите реакции треба да бидат вистините, а не стравот“, истакнува Џоли во својата колумна.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.