свет

Арапската лига со заедничка изјавата: Неопходно решавање на сириската криза

На Самитот на брегот на Мртвото Море во Јордан присуствуваа 18 арапски лидери, а мароканскиот крал Мухамед VI не присуствуваше на самитот, ниту пак го образложи неговото отсуствo

Fatma Bülbül  | 30.03.2017 - Обновена : 30.03.2017
Арапската лига со заедничка изјавата: Неопходно решавање на сириската криза

Ankara

ЈОРДАН (АА) - Лидерите на Арапската лига вчера во Јордан одржаа редовен годишен самит кој заврши доцна синоќа со заедничка изјава на учесниците во која е ставен акцент на соработката во решавањето на сириската криза и борбата против тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).

На Самитот на брегот на Мртвото Море во Јордан присуствуваа 18 арапски лидери, а мароканскиот крал Мухамед VI не присуствуваше на самитот, ниту пак го образложи неговото отсуствување.

Заедничката изјава на учесниците на Самитот содржи 15 точки, меѓу кои и одлуката за продолжување на соработката меѓу арапските земји во процесот на мирно решавање на сириската криза и поддршка на земјите кои ги згрижуваат бегалците од Сирија.

И кризата во Ирак беше една од темите на вчерашниот самит, а лидерите во изјавата истакнаа дека целта на арапските земји е да се зачува суверенитетот и територијалниот интегритет на таа земја.

Исто така, најавено е продолжување на поддршката на здружените ирачки сили во борбата против тероризмот и ослободувањето на Мосул од ДЕАШ.

Во заедничката изјава се наведува дека арапските земји ќе продолжат со поддршката на процесот за обнова на мировните преговори меѓу Палестина и Израел, и идејата за решавање на овој конфликт врз основа на воспоставување на две држави на границите од 1967 година.

Идејата за преселување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим за лидерите на арапските земји е неприфатлива.

Самитот во Јордан се одржа откако Јемен не беше во можност да биде домаќин на лидерите на Арапската лига поради судирите кои, исто така, најдоа место во заедничката изјава. Арапските лидери порачаа дека решението за кризата во Јемен и Либија мора да се бара по мирен пат.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın