свет

Барселона: Илјадници лица се собраа за да оддадат почест на жртвите од нападот

Кралот Фелипе VI, Рахој и Пучдемонт застана пред насобраната маса на Плаца де Каталунја, за време на едноминутниот молк. Потоа следуваше аплауз, а потоа од толпата се слушнаа и извикувања: „Не се плашиме, не се плашиме“

Ekip  | 18.08.2017 - Обновена : 19.08.2017
Барселона: Илјадници лица се собраа за да оддадат почест на жртвите од нападот

Barcelona

БАРСЕЛОНА (АА) - Илјадници лица, меѓу кои и шпанскиот крал Фелипе VI, премиерот Маријано Рахој и претседателот на Каталонија, Карлос Пучдемонт, се собраа за со минута молк да им оддадат почест на жртвите од вчерашните напади во Барселона и во приморското летувалиште Камбрилс, јавува Anadolu Agency (AA).

Кралот Фелипе VI, Рахој и Пучдемонт застана пред насобраната маса на Плаца де Каталунја, за време на едноминутниот молк. Потоа следуваше аплауз, а потоа од толпата се слушнаа и извикувања: „Не се плашиме, не се плашиме“.

Едноминутниот молк беше одржан во непосредна близина на местото на коешто возачот на комбето го започна смртоносниот напад на пешаците.

Терористичката организација ДЕАШ ја презеде одговорноста за синоќешниот напад во Барселона. Најмалку 13 лица загинаа, а околу 100 се повредени кога на шеталиштето Лас Рамблас, во центарот на Барселона, комбе влета во група пешаци.

Во Камбрилс, полицијата уби пет лица кои носеле лажни бомбашки појаси и со автомовил влетале во група туристи и локално население. Во тој инцидент се повредени шест лица, меѓу кои и еден полицаец. Една жена почина денес од здобиените повреди, па вкупниот број на жртви од вчерашниот напад е 14 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.