свет

Бебето родено во авион на Turkish Airlines чека средба со мајката

Мајката Диаби Нафи е Французинка со потекло од Гвинеја. Таа веќе отпатува за Франција, додека бебето поради документацијата мораше да остане со своите роднини во Гвинеја

Fatma Esma Arslan  | 18.04.2017 - Обновена : 19.04.2017
Бебето родено во авион на Turkish Airlines чека средба со мајката Извор: Турска амбасада во Конкари

Concari

КОНАКРИ (АА) - Турската амбасадорка во Гвинеја, Нур Сагман прави сѐ за да ги забрза процедурите за мајката и бебето родено во авионот на Turkish Airlines (Туркиш ерлајнс), на летот Конакри-Вагадуду-Истанбул, колку што е можно побрзо да бидат заедно, јавува Anadolu Agency (АА).

Бебето кое го добило името Кадижу е родено во авион на Turkish Airlineѕ на височина од 13.000 метри, а дојде на свет во воздушниот простор на Буркина Фасо.

Мајката Диаби Нафи е Французинка со потекло од Гвинеја. Таа веќе отпатува за Франција, додека бебето поради документацијата мораше да остане со своите роднини во Гвинеја.

Турската амбасадорка во Гвинеја, Нур Сагман, рече дека го посетила бебето и дека малата Кадижу е во одлична здравствена состојба. Таа истакна дека бебето не може да добие француски документи бидејќи е родено во воздушниот простор на Буркина Фасо.

„Бебето Кадижу е во одлична здравствена состојба. Бидејќи е родено во воздушниот простор на Буркина Фасо, не доби дозвола да патува со својата мајка во Франција. Мајката Диабу во Франција ги завршува работите поврзани со документацијата за да може бебето да го земе дома. Јас сум во контакт со властите на Гвајана за забрзување на целиот процес, за бебето да добие пасош колку што е можно поскоро“, изјави Сагман додавајќи дека планира да разговара со амбасадорот на Франција во Гвинеја.

Таа рече дека веста за раѓањето ја добила од претставници на Turkish Airlines и преку компанијата стапила во контакт со семејството на бебето. Амбасадорката истакна дека семејството не го криело своето задоволство поради тоа и потсети дека бебето Кадижу по раѓањето било завиткано во ќебе на Turkish Airlines.

Сагман исто така истакна дека телефонски зборувала со мајката и дека таа е многу благодарна на целата екипа на Turkish Airlines.

Заедно со амбасадорката, семејството на бебето го посети и привремениот директор на Turkish Airlines во Гвинеја, Огузџан Јерли. Тој посочи дека Turkish Airlines ќе ги сноси трошоците за пасоши и билети од Гвинеја во Франција.

Семејството многу се израдува. Ни кажаа дека Кадижу е наша, дете на Turkish Airlines. Со мајката разговаравме преку телефон. Многу ѝ се заблагодари на Турција. Ако видите на кој начин во изминатите денови се однесуваше кон патниците една од најголемите американски авиокомпании United Airlines и како тоа го прави Turkish Airlines, чиј екипаж на свет донесе дете, тогаш можете да го сфатите нашиот однос кон патниците“, рече Јерли.

Бремената Диаби Нафи на 6. април, за време на летот на релацијата Конакри-Вагадуду-Истанбул, во авион на Turkish Airlines доби породилни болки. Сѐ започна во воздушниот простор на Мали, а бебето на свет дојде над Буркина Фасо. Turkish Airlines по тој повод подготви анимација на која се гледа херојскиот чин на целиот екипаж на Turkish Airlines. 




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın