свет

Билансот на загинати во авионската несреќа во Бишкек се зголеми на 39 лица

Во соопштението се истакнува дека 16 лица се наоѓаат на лечење во болниците во Бишкек

Nezir Aliyev  | 22.01.2017 - Обновена : 23.01.2017
Билансот на загинати во авионската несреќа во Бишкек се зголеми на 39 лица

Bishkek

БИШКЕК (АА) - Бројот на загинати во авионската несреќа што се случи во Бишкек, Киргистан, се зголеми на 39 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Министерството за здравство на Киргистан соопшти дека починал Сагинбек Рахман (29), кој по несреќата беше сместен на Одделението за интензивна нега.

Во соопштението се истакнува дека 16 лица се наоѓаат на лечење во болниците во Бишкек.

Авион на АЦТ Ерлајнс на 16 јануари падна во населено подрачје во близина на Меѓународниот аеродром Манас. Во несреќата загинаа и четворица членови на екипажот.

Црните кутии на авионот се испратени во Москва на анализа, а симнувањето на податоци од нив започна во петокот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın