свет

Борба со нелегалните мигранти: Австрија испраќа војска на границата со Италија

Хелмут Томац, шеф на полицијата во австриската федерална држава Тирол, за новинарите изјави дека се зголемени мерките со цел да се спречи влез на мигрантите во земјата

Aşkın Kıyağan  | 17.08.2017 - Обновена : 18.08.2017
Борба со нелегалните мигранти: Австрија испраќа војска на границата со Италија АА/Архива

Viena

ВИЕНА (АА) - Австрија на границата со Италија ќе испрати 70 војници да помогне на граничната полиција да го спречат нелегалниот влез на мигрантите и бегалците, јавува Anadolu Agency (AA).

Хелмут Томац, шеф на полицијата во австриската федерална држава Тирол, за новинарите изјави дека е зголемени мерките за да се спречи влез на мигрантите во земјата.

Тој посочи дека овој последен чекор дојде откако се повеќе мигранти се обидуваат да ја преминат границата, возејќи под приколките на товарните вагони.

Тој додаде дека војниците кои се испратени на границата со Италија, ќе помогнат во контрола на товарни возови и камиони.

„Оваа мерка е донесена за да се спречи илегалното влегување на мигрантите, но и да се спасат човечки животи“, рече Томац.

Тој посочи дека за еден месец од 700 до 1.000 мигранти се обидуваат нелегално да влезат во Тирол.

Австриските власти претходно соопштија дека се подготвени за распоредување на вооружени возила по должината на границата за да се спречи влегувањето на мигранти од Австрија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.