свет

Борбата против тероризмот - главна тема на утрешниот состанок на НАТО

На состанокот ќе присуствуваат германската канцеларка Меркел, британската премиерка Меј, турскиот претседател Ердоган, претседателот на Франција Макрон и други

Şerife Çetin  | 24.05.2017 - Обновена : 25.05.2017
Борбата против тероризмот - главна тема на утрешниот состанок на НАТО

Brisel

БРИСЕЛ (АА) - Состанокот на шефовите на земјите или Владите на земјите-членки на НАТО ќе биде одржан утре во новото седиште на Алијансата во Брисел. Главата тема за која ќе разговараат лидерите на 28-те членки ќе биде борбата против теороризмот, јавува Anadolu Agency (AA).

На состанокот, меѓу останатите, ќе присуствуваат германската канцеларка Ангела Меркел, британската премиерка Тереза Меј, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Франција, Емануел Макрон и други.

Ердоган би требало да се состане со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.

Двете глави теми на состанокот на НАТО се улогата во борбата против тероризмот и распределбата на трошоците за одбрана.

Неименуван официјален претставник на НАТО за АА изјави дека ќе се разговара за тоа дали НАТО ќе биде дел од меѓународната коалиција во борбата против ДЕАШ. Според официјалниот претставник, одредени земји сѐ уште имаат одредени недоумици, но верува дека одлуката ќе биде позитивна.

Тој потсети дека членките на НАТО се веќе дел од меѓународната коалиција против ДЕАШ и дека Сојузот во коалицијата има статус на набљудувач, додаде оти би придонел во зголемувањето на активноста за координација.

Се очекува дека по терористичкиот напад во Манчестер, членките ќе му пружат поддршка на НАТО за да биде поактивен во борбата против тероризмот.

Меѓу останатите теми за кои лидерите би можеле да разговараат се односите меѓу Русија и НАТО, јакнењето на одбранбените системи на Авганистан и на Либија, и развојот на односите со балканските земји.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.