свет

Брачниот пар Клуни донираа 1 милион долари за борба против омразата

Фондацијата „Клуни“ минатата недела донира 2 милиони долари за образование на сириските деца-бегалци

Ayşe Aktaş  | 23.08.2017 - Обновена : 23.08.2017
Брачниот пар Клуни донираа 1 милион долари за борба против омразата

Los Angeles

ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) - Брачниот пар Амал и Џорџ Клуни донираа 1 милион долари за борба против групите што шират омраза, јавува Anadolu Agency (AA).

Актерот Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал Клуни изјавија дека Фондацијата „Клуни“ донира 1 милион долари за институцијата Јужен правен центар за сиромашни во САД, за борба против групите што шират омраза.

Познатиот актер Џорџ Клуни истакна дека сакаат материјално и духовно да ја поддржат борбата за еднаквост, и додаде: „Не постојат две страни на нетолеранцијата и омразата“.

Фондацијата „Клуни“ минатата недела донира 2 милиони долари за образование на сириските деца-бегалци.

И технолошкиот гигант „Apple“ (Епл) соопшти дека минатата недела донирал средства во висина од 2 милиони долари за борбата против групите што шират омраза.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.