свет

Брисел: Самит на лидерите на ЕУ за Брегзит

Туск во изјава пред средбата на лидерите на ЕУ-Јапонија во Брисел, соопшти дека Самитот ќе се одржи на 29. април

Ata Ufuk Şeker  | 21.03.2017 - Обновена : 21.03.2017
Брисел: Самит на лидерите на ЕУ за Брегзит

Brisel

БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, го најави самитот на лидерите на земјите од Европската Унија (ЕУ), на кој ќе бидат утврдени смерниците за преговорите околу излезот на Велика Британија од ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).

Туск во изјава пред средбата на лидерите на ЕУ-Јапонија во Брисел, соопшти дека Самитот ќе се одржи на 29. април. По објавата дека Велика Британија на 29. март ќе започне со процесот за напуштање на ЕУ, Туск потврди дека тој ќе го свика Советот на ЕУ со цел да се утврдат основните насоки на преговорите за Брегзит.

Според него, потребно е да се дефинираат конкретните насоки на преговорите, првенствено поради граѓаните и фирмите на кои ќе влијае Брегзит.

Велика Британија на референдумот во јуни минатата година со 52 отсто гласови „за“ и 48 „против“, одлучи да ја напушти Европската Унија.

Владата на Велика Британија ќе го започне процесот на напуштање на Европскат Унија на 29. март оваа година, а целата процедура на преговорите ќе трае две години.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.