свет

Британската влада ја зајакнува контролата на изнајмување возила

Министерството за транспорт соработува со полицијата и со индустријата за изнајмување со цел да го ревидира зајакнувањето на прописите по серијата напади со возила врз пешаци во Велика Британија, Франција, Германија и неодамна во Шпанија

Ekipa  | 20.08.2017 - Обновена : 21.08.2017
Британската влада ја зајакнува контролата на изнајмување возила

London

ЛОНДОН (АА) - Британската влада има намера да ја зајакне контролата врз возачите кои сакаат да изнајмат автомобили и комбиња, по неколкуте напади во кои беа користени возила како главно оружје, пренесува Anadolu Agency (AA).

Министерството за транспорт соработува со полицијата и со индустријата за изнајмување со цел да го ревидира зајакнувањето на прописите по серијата напади со возила врз пешаци во Велика Британија, Франција, Германија и неодамна во Шпанија.

„Терористичките закани се менуваат, па според тоа и нашиот одговор“, се наведува во соопштението.

Тоби Посон, член на британската Агенција за изнајмување, соопшти дека таа индустрија размислува како да ги разменува податоците навремено, со цел да им се овозможи на властите, на пример, да го поврзат системот за резервации со листата за борба против тероризмот.

Во Велика Британија од почетокот на годината во дури три напади користени се возила како главно оружје.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.