свет

Бродска несреќа во Капипското Море: 4 загинати, 28 исчезнати

На бродот се наоѓале 34 лица, од кои во несреќата животот го загубиле 4 лица. Две лица успеале пливајќи да пристигнат до брегот на островото Курасао.

Zehra Ulucak  | 12.01.2018 - Обновена : 13.01.2018
Бродска несреќа во Капипското Море: 4 загинати, 28 исчезнати

Ankara

КАРАКАС (АА) - Во бродската несреќа шшто се случи во Карипското Море животот го загубија 4 лица, а 28 се водат за исчезнати, јавува Anadolu Agency (AA).

Регионалниот директор за цивилна заштита на Венецуела, Хозе Монтано изјави дека бродот кој испловил од Венецуела и се упатил кон островото Курасао кој е дел од Холандија, потонал во Карипското Море.

Монтано изјави дека на бродот се наоѓале 34 лица, информирајќи дека во несреќата животот го загубиле 4 лица, а две лица успеале пливајќи да пристигнат до брегот на островото Курасао.

Во изјавата на Монтано се наведува дена во тек е операција за пронаоѓање на 28-те исчезнати лица кои се наоѓале на бродот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.