свет

Бројот на бездомници во САД изнесува 550.000 лица

На улиците во Њујорк, кој е главен финансиски центар воедно и најголем град, може да се видат натписи кои луѓето ги носат како прозорец во нивните животи: „Бездомник со деца и бремена“, „Ветеран на САД. Се борев за мојата држава. Каде е владата?“...

Övünç Kutlu  | 26.11.2017 - Обновена : 27.11.2017
Бројот на бездомници во САД изнесува 550.000 лица Mohammed Elshamy/АА

New York

ЊУЈОРК (АА) - Бројот на бездомници во Соединетите Американски Држави (САД) изнесува 550.000 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Според последните податоци на Министерството за домување и урбан развој на САД минатата година имало околу 550.000 бездомни лица од кои 355.000 се поединци, додека 195.000 се семејства со деца.

Сиромаштијата и невработеноста се главните причини за бездомништво во земјата со најголема економија во светот. Други од причините се и недостатокот на достапно домување, лошото физичко или ментално здравје, злоупотреба на дрога и алкохол, коцкање, распаѓање на семејствата, како и семејното насилство.

На улиците во Њујорк, кој е главен финансиски центар воедно и најголем град, може да се видат знаците кои луѓето ги носат како прозорец во нивните животи, на кои пишува: „Ги изгубив работата и домот“, „Бездомник со деца и бремена“ и „Ветеран на САД. Се борев за мојата држава. Каде е владата?“.

Според националната коалиција на ветерани-бездомници (NCHV), околу 11 отсто, или повеќе од 60.000 од бездомниците се ветерани, додека 8,8 отсто од нив се на возраст меѓу 18 и 30 години.

Додека 1,4 милиони други ветерани се соочуваат со ризикот да станат бездомници, околу 12.700 ветерани кои се бореа во Ирак од 2003 година па наваму, станаа бездомници во 2010 година, се вели од Националната коалиција на ветерани-бездомници.

Подрачјата на Њујорк и Њу Џерси минатата година имаа најголем број на бездомни лица во САД со бројка од 86.000. Додека на второ место се најде Лос Анџелес со 51.000, Сиетл имаше 13.400 бездомни лица во 2016 година. Хјустон, Далас и Сан Антонио во Тексас минатата година имаа вкупно 14.000 бездомни лица додека Мајами 8.000.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.