свет

Бројот на загинати во поплавите во Колумбија се искачи на 293 лица

Претседателот Сантос ги сподели со јавноста последните информации околу поплавата што го зафати градот Мокоа, престолнина на административната единица Путумајо

Lokman İlhan  | 06.04.2017 - Обновена : 06.04.2017
Бројот на загинати во поплавите во Колумбија се искачи на 293 лица ( Lokman İlhan/AA )

Bogota

БОГОТА (АА) - Претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос соопшти дека бројката на загинати во поплавата, којашто го зафати подрачјето на градот Мокоа, се искачила на 293 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Претседателот Сантос ги сподели со јавноста последните информации околу поплавата што го зафати градот Мокоа, престолнина на административната единица Путумајо.

Претседателот на Колумбија, Сантос, рече: „За жал, продолжува да се зголемува бројот на загинати од поплавата, во моментов изнесува 293 лица. На семејствата им ги предадовме телата на 195 загинати”.

Сантос соопшти дека бројката на повредени во поплавата изнесува 332 лица, од кои 119 по санирањето на повредите се отпуштени од болница.

- Пронајдени 153 лица од вкупно 467 исчезнати -

Покрај тоа, претседателот Сантос рече дека од исчезнатите, 34 лица ги загубиле животите, додека 119-мина се пронајдени живи.

Во меѓувреме претседателот Сантос, преку својот профил на социјалните мрежи им се заблагодари на Обединетите Арапски Емирати за дадената помош по поплавите, кои ја зафатија Колумбија.

Интензивните врнежи од дожд кои се причина за затворање на патиштата во административната единица Путумајо, негативно влијаат врз работите за спасување на погодените во поплавите. Не се спроведува ниту електрична енергија во подрачјето.

Интензивните врнежи од дожд во подрачјето беа причина за излевање на реките Мокоа и Мулатос, кои во раните утрински часови во саботата предизвикаа поплави што ги збришаа од картата одредени места во градот Мокоа.

Во Мокоа, кој е престолнина на административната единица Путумајо, живеат 45.000 жители, а градот се наоѓа во близина на границата со Еквадор и со Перу.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.