свет

Бурно невреме во САД: Шест метри високи бранови на езерото Мичиген

Поради снежните бури кои пред новогодишните празници го зафатија ова подрачје во Чикаго беше издадено предупредување од опасен ветер

Bilgin S. Şaşmaz  | 13.01.2018 - Обновена : 13.01.2018
Бурно невреме во САД: Шест метри високи бранови на езерото Мичиген ( Bilgin S. Şaşmaz - AA )

Chicago

ЧИКАГО (АА) - Бурно невреме предизвика појава на бранови во висина и до шест метри на езерото Мичиген во американската сојузна држава Индијана, јавува Anadolu Agency (AA).

Поради ваквите временски услови поплавен е и дел од патот кој граѓаните го користат за трчање. На северозападниот дел на Индијана е отежнат сообраќајот, а поволни временски прилики се очекуваат во сабота.

Поради снежните бури кои пред новогодишните празници го зафатија ова подрачје во Чикаго беше издадено предупредување од опасен ветер.

Снежната бура и ниските температури негативно влијаат на животот на жителите на североисточниот дел на САД.

Повеќе од 100.000 лица на североисточниот дел на земјата останаа без електрична енергија. Поради силното невреме откажани се повеќе од 3.000 летови. Запрени се и летовите на аеродромот „JFK" во Њујорк.

Како последица на студеното време смртно настрадаа 17 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın