свет

Велика Британија и Франција со построги мерки против онлајн-екстремизмот

Велика Британија и Франција ќе воведат построги мерки против технолошките компании кои не ги отстрануваат екстремистичките содржини од интернет, соопшти денес британската влада

Ahmet Gürhan Kartal  | 13.06.2017 - Обновена : 13.06.2017
Велика Британија и Франција со построги мерки против онлајн-екстремизмот

London

ЛОНДОН (АА) - Велика Британија и Франција ќе воведат построги мерки против технолошките компании кои не ги отстрануваат екстремистичките содржини од интернет, соопшти денес британската влада, јавува Anadolu Agency (AA).

Изјавата дојде во пресрет на денешната посета на премиерката Тереза ​​Меј во Париз на средба со претседателот Емануел Макрон.

Во пресрет на разговорите, кои се очекува да се фокусираат на борбата против тероризмот, Велика Британија соопшти дека заедничката кампања ќе има за цел да се осигура дека интернетот не треба да служи како безбеден простор за терористите и криминалците.

Плановите ќе вклучуваат истражување на можноста за креирање на нова законска одговорност за технолошките компании доколку тие не ги отстрануваат содржините, како и парични казни за компаниите кои нема да преземат никаква акција за отстранување на таквите содржини.

„Соработката во борбата против тероризмот меѓу британските и француските разузнавачки агенции веќе е силна, но претседателот Макрон и јас се согласуваме дека треба да се направи повеќе за решавање на терористичката закана онлајн“, рече Меј.

Меј потврди дека двајцата лидери ќе го разгледаат создавањето на новата правна одговорност за технолошките компании кои не ги отстрануваат неприфатливите содржини.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.