свет

Велика Британија планира да смени речиси 1.000 закони од ЕУ

Еден ден откако британската премиерка Меј официјално го започна процесот за излегување од ЕУ, министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис, го презентираше обемниот предлог-закон

Ahmet Gürhan Kartal  | 30.03.2017 - Обновена : 30.03.2017
Велика Британија планира да смени речиси 1.000 закони од ЕУ

London

ЛОНДОН (АА) - Британската влада денес објави детали од планот за замена на повеќе од илјада закони на ЕУ во Велика Британија со домашно законодавство, јавува Anadolu Agency (AA).

Еден ден откако британската премиерка Тереза Меј го започна официјално процесот за излегување (Брегзит) од Европската Унија, министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис, во Долниот дом на британскиот Парламент го презентираше обемниот предлог-закон.

Многу од законите на ЕУ кои се планира да се заменат се однесуваат на правта на работниците, заштитата на животната средина и правата на потрошувачите, а критичарите се плашат од ослабување на сето претходно набројено бидејќи предлог законот ќе помине без парламентарен надзор и контрола.

Нацрт-законот, кој се очекува да биде еден од најголемите сегменти на законодавството во историјата на Велика Британија, ќе го замени четиридецениската легислатива на ЕУ со домашното законодавство, ќе го укине Актот на Европските заедници и ќе ја изземе Велика Британија од јурисдикцијата на Европскиот суд на правдата. Тој ќе стапи во сила на денот кога Обединетото Кралство ќе ја напушти ЕУ.

„Откако ЕУ законите ќе се трансформираат во домашно право, парламентот ќе биде во можност да го достави законот за измена, укинување или подобрување на кој било дел од законите од ЕУ“, istakna Дејвис.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.