свет

Венецуела: 20-годишен демонстрант загина во антивладините протести

Ортега, главен јавен обвинител на Венецуела, истакна дека вкупно 55 лица загинале во демонстрациите во земјата, и соопшти дека половина од нив се убиени од специјалните единици и војници

Ayşe Aktaş  | 25.05.2017 - Обновена : 25.05.2017
Венецуела: 20-годишен демонстрант загина во антивладините протести AA/Carlos Becerra

Caracas

КАРАКАС (АА) - Луиса Ортега, главен јавен обвинител на Венецуела, соопшти дека 20-годишен демонстрант е убиен на антивладините демонстрации во земјата, од страна на безбедносните сили, јавува Anadolu Agency (AA).

Ортега во својата изјава за медиумите истакна дека вкупно 55 лица загинале во демонстрациите во земјата, кои траат веќе 6 недели, и соопшти дека половина од загинатите се убиени од страна на специјалните единици и војници.

Ортега информираше дека околу илјада лица се повредени во демонстрациите. Тој нагласи дека 20-годишниот демонстрант загинал кога бил погоден од солзавецот што го исфрли полицијата во судирот со демонстрантите.

- Државната телевизија не го објави соопштението -

Државната телевизија на Венецуела, која претходно ги објави соопштенијата на повеќе владини претставници, не го објави соопштението на главниот јавен обвинител, Ортега.

Социјалното незадоволство предизвикано од недостатокот на храна, високата инфлација, како и зголемениот криминал, се претвори во улични демонстрации откако Врховниот суд контролиран од страна на Владата предводена од Николас Мадуро, на 31 март соопшти дека ги укинува надлежностите на Конгресот.

Опозицијата за смртните случаи ги обвинува безбедносните сили и припадниците на провладината милиција, кои употребуваат диспропорционална сила. Мадуро тврди дека екстремно десничарските радикали што учествуваат на демонстрациите, во соработка со криминалните групи го разгоруваат насилството.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.