свет

Венецуела: Демонстранти се обидоа да влезат во воената воздухопловна база

Немирите во Венецуела започаа во април, кога Високиот суд, кој е под контрола на претседателот Николас Мадуро, соопшти дека ги одзема овластувањата на Националниот конгрес

Emre Aytekin  | 25.06.2017 - Обновена : 26.06.2017
Венецуела: Демонстранти се обидоа да влезат во воената воздухопловна база Carlos Becerra/AA

Caracas

КАРАКАС (АА) - Демонстрантите, кои веќе со месеци протестираат во Венецуела, се судрија со безбедносните сили при обидот насилно да влезат во воената воздухопловна база Ла Корта, јавува Anadolu Agency (AA).

До нередите дошло кога група демонстранти ја искршиле металната ограда и влегла на територијата на базата. Безбедносните сили одговорија со флање солзавец на демонстрантите.

Мирните протести околу воздушната база траат веќе со недели. Ситуацијата стана напната кога безбедносните сили отворија оган со гумени куршуми врз демонстрантите. Едно лице почина од последиците од ранувањето. Во петокот, на 23 јуни, демонстрантите запалија неколку автомобили во околината на базата.

Немирите во Венецуела започаа во април, кога Високиот суд, кој е под контрола на претседателот Николас Мадуро, соопшти дека ги одзема овластувањата на Националниот конгрес. Поради силните мерки против демонстрантите, опозицијата ја обвинува Владата за употреба на прекумерна сила.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın