свет

Во експлозија во близина на главната катедрала во Каиро загинаа 20 лица

Сè уште никој не презеде одговорност за експлозијата

Mohamed Sabry Emam Muhammed  | 11.12.2016 - Обновена : 11.12.2016
Во експлозија во близина на главната катедрала во Каиро загинаа 20 лица

Kairo

КАИРО (АА) - Најмалку 20 лица загинаа, а 30 се повредени во експлозија којашто се случи денес во близина на главната Коптска катедрала во Каиро, изјави државната телевизија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Експлозијата се случила рано утринава пред Коптската православна црква во централниот дел на Каиро.

Претходно, од Министерството за здравство соопштија дека загинале пет лица, а 10 биле повредени.

Екипите на итната помош и цивилната заштита се наоѓаат на местото на настанот, со цел да им пружат помош на повредените.

Никој не ја презеде одговорноста за експлозијата.

Денешната експлозија се случи два дена откако шест полицајци загинаа во експлозија на бомба, во египетскиот главен град во петокот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın