свет

Во ЕУ со сиромаштија се соочуваат 117,5 милиони лица

Иако намалувањето на бројот на лицата кои се под ризик од сиромаштија или социјална исклученост во Европа е една од главните цели на стратегијата на Европа за 2020, оваа стапка во ЕУ сѐ уште е висока

Abdulselam Durdak  | 17.10.2017 - Обновена : 18.10.2017
Во ЕУ со сиромаштија се соочуваат 117,5 милиони лица

Frankfurt

ФРАНКФУРТ (АА) - АБДУЛСЕЛАМ ДУРДАК - Минатата година, 117,5 милиони лица, односно 23,4 отсто од населението на Европската Унија (ЕУ) се соочиле со сиромаштија или социјална исклученост.

Иако намалувањето на бројот на лицата кои се под ризик од сиромаштија или социјална исклученост во Европа е една од главните цели на стратегијата на Европа за 2020, оваа стапка во ЕУ сѐ уште е висока.

Според податоците до коишто дојде новинарот на Аnadolu Agency (AA) од Канцеларијата за статистички информации на Европа (Евростат), минатата година 117,5 милиони лица, односно 23,4 отсто од населението на Европската Унија (ЕУ) се соочиле со сиромаштија или социјална исклученост.

Оваа состојба покажува дека споменатите лица исполнуваат еден од трите критериуми, како живеење во семејство со приходи под нивото на сиромаштија, со сериозна материјална беда и со многу низок работен интензитет.

- Бугарија, земја со најголем ризик од сиромаштија или социјална исклученост -

Минатата година, над една третина од населението во Бугарија, Романија и во Грција беше соочено со ризикот од сиромаштија или социјална исклученост, односно 40 отсто во Бугарија, 38,8 отсто во Романија и 35,6 отсто во Грција.

Земји со најнизок ризик од сиромаштија или социјална исклученост се Чешка со 13,3 отсто, Финска со 16,6 отсто, Данска со 16,7 отсто и Холандија со 16,8 отсто.

Стапката на лица кои живеат под ризик од сиромаштија и социјална исклученост во Германија изнесува 19,7 отсто, во Франција е 18,2 отсто, во Италија е 28,7 отсто, во Шпанија 27,9 отсто, во Обединетото Кралство 22,2 отсто, а во Белгија 20,7 отсто.

- Од населението на ЕУ, 7,5 отсто не може да ги задоволи ниту основните потреби -

Ако трите елементи коишто ја сочинуваат сиромаштијата или социјалната исклученост се разгледуваат одделно, 17,2 отсто од населението на ЕУ има приходи под нивото на сиромаштија.

Според критериумот семејство со сериозна материјална беда, 7,5 отсто од населението не може да ги задоволи ниту основните потреби како плаќање сметки, греење на куќата или одење на еднонеделен одмор.

Од друга страна, стапката на ризикот од сиромаштија или социјална исклученост, која порасна по избивањето на глобалната криза во 2008 година, во последниот период е во тренд на опаѓање. Минатата година, стапката на лица во ризик од сиромаштија или социјална исклученост, која достигна до 25 отсто по три последователни раста во периодот од 2009 до 2012 година, падна до 23,4 во ЕУ, односно 0,1 поени над стапката во 2009 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın