свет

Во авионската несреќа во Иран загинаа 66 лица

Авиокомпаниите на Иран, поради санкциите кои ги спроведуваат САД, во својот авиосообраќај користи авиони купени пред 1979 година или авиони кои претходно биле користени...

Mustafa Melih Ahıshalı  | 18.02.2018 - Обновена : 19.02.2018
Во авионската несреќа во Иран загинаа 66 лица

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - При пад на патнички авион на авиокомпанијата „Aseman“ кој полета од Техеран, главниот град на Иран, животот го загубија 66 лица, меѓу кои и едно дете, јавува Anadolu Agency (AA).

За иранската национална таелевизија зборуваше дирекоторот за односи со јавноста на иранската авиокомпанија „Aseman“, Мухамед Таки Табатабаји. „Во авионот се наоѓаа 60 патници, меѓу кои и едно дете и 6 членови на екипажот”, соопшти дирекоторот Табатабаји.

Табатабаји истакна дека двомоторниот авион од типот ATR, од Техеран кон градот Јасуџ полетал во 8.00 часот по локално време, а од радарите се изгубил во 8.50 часот.

- Во тек е акцијата за пронаоѓање на паднатиот авион -

Канцеларијата за итни состојби соопшти дека поради снегот и невремето не се испраќаат хеликоптери во подрачјето.

Во соопштението се наведува дека авионот паднал во планински предел и дека операцијата за пронаоѓање на местото на паднатиот авион се изведува по копнен пат.

Авионот на авиокомпанијата „Aseman“, кој сообраќал на линијата Техеран-Јасуџ, во утринските часови падна во подрачјето на Семиром, во иранската покраина Исфахан.

Авиокомпаниите на Иран, поради санкциите кои ги спроведуваат САД, во својот авиосообраќај користи авиони купени пред 1979 година или авиони кои претходно биле користени. Необновувањето на авионската флота на Иран е причина за зголемен ризик од авионски несреќи. Во последните 39 години, во оваа земја се случија над 200 авионски несреќи во кои животот го загубија повеќе од 2.000 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın