свет

Во Лондон се одржа марш за Сирија

Маршот организиран од страна на невладината организација „Сирија солидарити“ со седиште во Велика Британија, започна од улицата Оксфорд во Лондон

Tayfun Salcı  | 19.03.2017 - Обновена : 19.03.2017
Во Лондон се одржа марш за Сирија

London

ЛОНДОН (АА) – Во главниот град на Велика Британија, Лондон, се одржа марш за одбележување на шестата годишнина од почетокот на војната во Сирија која започна во месец март 2011 година, јавува Anadolu Agency (AA).

Маршот организиран од страна на невладината организација „Сирија солидарити“ со седиште во Велика Британија, започна од улицата Оксфорд во Лондон.

Во овој марш, во кои учествуваа околу 500 лица, се извикуваа пароли против сирискиот режим, Русија, Иран, Соединетите Американски Држави (САД), и против Велика Британија.

Учесниците во овој марш кои носеа транспаренти со паролите: „Доста веќе со Асад“, „Заштитете ги цивилите“, „Запрете ја иранската окупација во Сирија“, „Веќе шест години Сиријците сè уште се борат за мир и слобода“, маршираа кон канцелариите на британската премиерка.

Граѓанската војна, предизвикана како резултат на насилните интервенции на режимот на Башар ал Асад кои започнаа во месец март 2011 година врз протестите организирани од народот, трае веќе шест години.

Стотици илјади Сиријци го загубија својот живот во граѓанската војна, додека милиони од нив имаат статус на бегалци. Околу 3 милиони сиријски бегалци се наоѓаат во Турција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.