свет

Во меѓународните институции доминираат Италијанците

Според податоците до кои дојде АА, Италијанците, особено на европско ниво се наоѓаат на 6 клучни позиции во меѓународната заедница

Barış Seçkin  | 18.01.2017 - Обновена : 19.01.2017
Во меѓународните институции доминираат Италијанците

Rim

РИМ (АА) Бариш Сечкин - Воочлива е застапеноста на Италијанците во последните години на значајни позиции во институциите на меѓународната арена, јавува Anadolu Agency (AA).

Според податоците до кои дојде АА, Италијанците, особено на европско ниво се наоѓаат на 6 клучни позиции во меѓународната заедница.

Поставувањето на Италијанците на чело на меѓународните организации во полето на политиката, дипломатијата, финансиите и науката се оценува како успех на италијанската дипломатија.

Ламберто Заниер, Марио Драги, Федерика Могерини, Филипо Гранди, Фабиола Џианоти и како последен, Антонио Тајани се Италијанците што во светски рамки излегуваат во преден план.

Прв пример на Италијанците кои во последните години се наоѓаат на значајни позиции е формирањето на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), со цел да се стави крај на поделбата во Европа по завршувањето на студената војна. Како челник на оваа организација во 2011 година беше поставен италијанскиот дипломат Ламберто Заниер (62). Заниер, кој е искусен висок член во Обединетите нации, од 2011 година е Генерален секретар на ОБСЕ.

Истата година, во ноември, овој пат еден Италијанец од финансискиот сектор, во периодот кога еврозоната беше длабоко погодена од криза поради финансискиот долг, застана на чело на Европската централна банка (ЕЦБ). Претседателот на Италијанската централна банка, Марио Драги (69), по изборот од страна на земјите-членки и членовите на Европскиот парламент стана лице од највисоко ниво во Европската централна банка.

Италија преку Драги, во економската и во финансиската политика на ЕУ го имаше првиот човек, својата политичка празнина во Европскиот парламент ја пополни по изборите во 2014 година, кога беше формирана нова ЕУ комисија, чија фотелја успеа да ја пополни со едно ново име.

Федерика Могерини (43), која доаѓа од левицата на италијанската внатрешна политика, позната е и по своите активистички аспекти. Како министер за надворешни работи на Италија, под голем притисок на тогашниот премиер на Италија, Матео Ренци, Жан Клод Јункер како претседател на Европската комисија, на Могерини ѝ беше доделена функцијата висок претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ.

По Могерини и нејзината позицијата на европско ниво, Италија ја придодаде и позицијата во ОН. Во 2015 година, испразнетото место на сегашниот генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш во Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), тогашниот генерален секретар на ОН, Бан Ки-мун, на оваа позиција го назначи 59-годишниот италијански дипломат Филипо Гранди, кој имаше искуство во ОН. Поставувањето на Гранди на оваа позиција, како политичар со полемо искуство во ОН, значеше и директно учество на Италија во решавањето на проблемот со бегалците во Средоземното Море.

Италијанците во 2015 година зазедоа уште една значајна позиција во светот. На позицијата генерален директор на Центарот за европски нуклеарни истражувања (ЦЕРН), во кој членуваат 21 земја, меѓу кои и Турција, поставена е Италијанката Фабиола Џианоти. И Гранди и Џианоти своите функции ги започна на почетокот од 2016 година.

Последна алка од Италијанците што се наоѓаат на значајни позиции на меѓународно поле е вчерашниот избор за претседател на Европскиот парламент. Под капата на демохристијаните, како кандидат на Европската народна партија, за нов претседател на Европскиот парламент е избран Антонио Тајани (63), со што успеа да биде првиот Италијанец на оваа позиција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.