свет

Во операциите на коалицијата против ДЕАШ во Сирија и Ирак убиени се најмалку 229 цивили

Во извештајот се наведува дека во тек се проверките во врска со 43 пријавени случаи на страдање на цивилите, од кои 20 се случиле во Сирија а 23 во Ирак

Canberk Yüksel  | 02.04.2017 - Обновена : 03.04.2017
Во операциите на коалицијата против ДЕАШ во Сирија и Ирак убиени се најмалку 229 цивили

New York

ЊУЈОРК (АА) - Меѓународната коалиција, која во борба против терористичката организација ДЕАШ ја спроведува САД, соопшти дека од почетокот на нејзините операции во Сирија и Ирак во нападите на позициите на ДЕАШ се убиени и најмалку 229 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).

Коалицијата од 2014 година започна воздушни операции против ДЕАШ во Сирија и Ирак, а извештајот за страдањето на цивилите во тие напади е објавен во екот на меѓународната загриженост поради зголемување на билансот на страдањето на цивилите во операцијата на ослободување на ирачкиот град Мосул кој се смета за главно средиште на терористите во таа земја.

Во извештајот се наведува дека во тек се проверките во врска со 43 пријавени случаи на страдање на цивилите, од кои 20 се случиле во Сирија а 23 во Ирак. Доколку се потврдат и тие случаи, билансот на смртно страданите цивили би можел значително да се зголеми.

Еден од случаите кои се предмет на истрага е 17 воздушни напади кои коалициските сили ги извршиле во текот на март во западниот дел на Мосул, а во кои се убиени повеќе од стотици цивили.

Поради непочитување на меѓународните набљудувачки мисии тешко е со прецизност да се зборува за настраданите циивли на подрачјата кои во Ирак и Сирија се контролирани од терористите на ДЕАШ. Затоа се појавуваат различни извештаи, а порталот „Ерварс” известува дека бројот на загинатите цивили во антитерористичките операции е помеѓу 2.831 и 4.503.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın