свет

Во операцијата во Сирија неутрализирани 260 терористи

Вооружените сили на Турција соопштија дека во операцијата „Маслинова гранка" во Сирија се неутрализирани 260 терористи на ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ

Diyar Güldoğan  | 24.01.2018 - Обновена : 24.01.2018
Во операцијата во Сирија неутрализирани 260 терористи

Ankara

АНКАРА (AA) - Вооружените сили на Турција соопштија дека во операцијата „Маслинова гранка" во Сирија се неутрализирани 260 терористи на ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).

Од друга страна, начелник на Генералштабот на Армијата на Турција Хулуси Акар изјави дека сите терористи ќе платат сметка за излеаната крв.

„Сите терористи, вклучувајќи ги ДЕАШ, ЈПГ и ПКК, ќе го добијат она што го заслужуваат и ќе ја платат сметката за излеаната крв", рече Акар во Анкара.

Операцијата во Африн е започната во рамките на правото на Турција коешто е засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).

Турција се повикува и на член 51 од Договорот на ОН, односно Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın