свет

Во операцијата за ослободување на Мосул загинаа 25.000 терористи на ДЕАШ

Генерал-полковник Абдулемир Јарулах, командир на Командата за операции во Мосул, истакна дека во операциите за ослободување на градот Мосул од 17 октомври, досега се убиени над 25 илјади припадници на терористичката организација ДЕАШ

Ali Cevad, Zeynep Tüfekçi  | 17.07.2017 - Обновена : 18.07.2017
Во операцијата за ослободување на Мосул загинаа 25.000 терористи на ДЕАШ

Iraq

МОСУЛ (АА) - Над 25 илјади припадници на терористичката организација ДЕАШ се убиен во операциите за ослободување на ирачкиот град, Мосул, јавува Anadolu Agency (AA).

Генерал-полковник Абдулемир Јарулах, командир на Командата за операции во Мосул, истакна дека во операциите за ослободување на градот Мосул од 17 октомври, ден кога започнаа операциите, досега се убиени над 25 илјади припадници на терористичката организација ДЕАШ. 

Истакнувајќи дека во текот на горенаведениот период загинале над 450 бомбаши-самоубијци, Јарулах пренесе дека околу 3.000 возила се уништени, од кои 1.247 возила-бомби, како и се урнати 130 беспилотни летала од страна на ирачките сили.

Во рамките на ослободувањето на Мосул од ДЕАШ, ирачката војска заедно со пешмергите и со меѓународната коалиција предводена од страна на САД, на 17 септември 2016 година ја започна операција за ослободување на источниот дел на градот. Како резултат на 100-дневните операции, на 24 јануари источниот дел на градот беше целосно ослободен, а на 19 февруари беше започната операција од три фронта за ослободување и на западниот дел на Мосул.

Премиерот на Ирак, Хајдар ал-Ибади, на 10 јули официјално соопшти дека Мосул е целосно ослободен, откако во јуни 2016 година беше заземен од страна на ДЕАШ.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın