свет

Воените челници на Турција, Русија и Иран разговараа во Сочи

На состанокот присуствуваа началникот на Генералштабот на турската војска, Хулуси Акар, началникот на Генералштабот на руската војска, Валериј Герасимов и началникот на Генералштабот на иранските сили Мухамед Багери

Ahmet Sertan Usul  | 21.11.2017 - Обновена : 22.11.2017
Воените челници на Турција, Русија и Иран разговараа во Сочи

Ankara

АНКАРА (АА) - Началниците на Генералштабот на вооружените сили на Турција, Русија и Иран во Сочи разговараа за безбедносните прашања во Сирија, соработката во рамките на борбата против терористичките организации и зоните без судир во таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).

На состанокот присуствуваа началникот на Генералштабот на турската војска, Хулуси Акар, началникот на Генералштабот на руската војска, Валериј Герасимов и началникот на Генералштабот на иранските сили Мухамед Багери.

Во соопштението на Генералштабот на Вооружените сили на Турција се наведува дека Акар одржал билатерални состаноци, по кое е одржан и заеднички состанок на тројцата воени челници.

Началниците на Вооружените сили на трите земји воглавно разговараа за случувањата во Сирија и соработката на нивните земји.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.