свет

Вработен на ТИКА 11-ти ден во израелски затвор

Мухамед Муртеџа, Палестинец од Појасот Газа, беше приведен од страна на израелските власти на 12. февруари на граничниот премин Ерез, помеѓу Израел и северниот дел на Појасот Газа

Ekipa  | 24.02.2017 - Обновена : 24.02.2017
Вработен на ТИКА 11-ти ден во израелски затвор

Erusalim

ЕРУСАЛИМ/ГАЗА (АА) - Израелските власти спречија вработен во Турската агенција за соработка и координација ТИКА што беше приведен овој месец, да разговара со својот адвокат, јавува Anadolu Agency (AA).

Мухамед Муртеџа, Палестинец од Појасот Газа, беше приведен од страна на израелските власти на 12. февруари на граничниот премин Ерез, кој се наоѓа помеѓу Израел и северниот дел на Појасот Газа. Mуртеџа беше приведен додека патувал кон турскиот главен град Анкара, на курс за обука. Халид Зебарка, адвокатот на Муртеџа, за АА изјави дека неговиот клиент бил изведен пред израелски судија во вторникот, кој наредил да не му биде дозволено да разговара со својот адвокат до 28. февруари.

Адвокатот пренесе дека судијата го продолжил притворот на Муртеџа за уште 10 дена, а го одредил датумот за неговото второ рочиште за 2. март. По приложената жалба од страна на адвокатот на Муртеџа, судот го презакажал рочиштето за 24. февруари.

Како што е најавено, второто рочиште ќе се одржи во судот во јужниот израелски град Бершева. Израелскиот суд издаде наредба до 14. март да не се објавуваат вести во врска со случајот. Според адвокатот Зебарка, Муртеџа се товари за поврзаност со Хамас, комуницирање со странски разунавачки агенции и за заговор против националната безбедност на Израел.

Турското Министерство за надворешни работи и Турската амбасада во Тел Авив одблизу го следат случајот, велат турски извори. Истите извори, кои сакаа да останат анонимни, истакнаа дека обвиненијата за кои се товари Муртеџа не се поврзани со неговата работа во ТИКА.

Махмуд Мутреџа, брат на Мухамед, истакна дека приведувањето на неговиот брат е неосновано.

„Не постои причина за приведување на мојот брат“, изјави за АА братот на приведениот. „Тој го посвети својот живот во служба на човештвото во Појасот Газа“. Палестинецот Мухамед Муртеџа, татко на четири деца, работи за ТИКА во Појасот Газа од 2012 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.