свет

Втората забрана за визи на Трамп суспендирана на неопределено

Регулативата што претседателот на САД, Доналд Трамп, ја потпиша на 6. март, а со која се уредува забраната за виза на државјаните од 6 држави со мнозинско муслиманско население, на 15 март беше привремено запрена

Hakan Çopur  | 30.03.2017 - Обновена : 30.03.2017
Втората забрана за визи на Трамп суспендирана на неопределено

Washington DC

ВАШИНГТОН (АА) – Регулативата што претседателот на САД, Доналд Трамп, ја потпиша на 6. март, а со која се уредува забраната за виза на државјаните од 6 држави со мнозинско муслиманско население, на 15 март беше привремено запрена од страна на федералниот судија од Хаваите, Дерик Ватсон. Се дознава дека до следното судско рочиште, оваа одлука е суспендирана на неопределено време, јавува Anadolu Agency(AA).

Ватсон ги разгледа брањата на тужителите во врска со темата, а во средата донесе одлука за привремена забрана, со што одлуката за привременото запирање на втората забрана за визи на Трамп ја продолжи „на неопределено време“.

- „Ќе стојам зад донесената одлука“

Ватсон во писмено соопштение упати порака дека ќе стои зад донесената одлука. „Судот нема да се однесува како ништо да не се случило, повлекувајќи се в ќош и затворајќи ги прозорците“, вели тој во соопштението.

Се дознава дека Министерството за правда на САД овој судски процес ќе го изнесе пред 9. Апелационен суд, по одлуката на Ватсон. Се очекува одлуката за запирање на втората визна забрана на Трамп, која ја донесе федералниот судија од Мериленд, министерството да ја изнесе пред 4. Апелационен суд во државата Вирџинија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.