свет

Вулканот Богослоф во Алјаска повторно еруптираше

Надлежните од опсерваторијата за следење на вулканите на Алјаска јавија дека вулканот, кој се наоѓа на островот Богослоф, почнал да исфрла пепел и гас во висина од 10 километри

Umur Koçak Semiz  | 29.05.2017 - Обновена : 29.05.2017
Вулканот Богослоф во Алјаска повторно еруптираше

Anchorage

ЕНКОРИЏ (AA) - Еруптира вулканот Богослоф во јужнозападниот дел на сојузната американска држава Алјаска, јавува Anadolu Agency (AA).

Надлежните од опсерваторијата за следење на вулканите на Алјаска јавија дека вулканот, кој се наоѓа на островот Богослоф, почнал да исфрла пепел и гас во висина од 10 километри.

Еруптирањето на вулканот којшто е активен околу шест месеци, траела 55 минути.

Откако одекнала експлозијата, прогласено е највисоко ниво, односно црвено ниво на воздухопловниот предупредувачки сигнал (Aviation Alert Code). 

Исфрлениот пепел од вулканот нанесува голема штета на моторите од авионите што летаат на дестинацијата Северна Америка ‒ Азија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.