свет

Газа: Во израелско гранатирање загина едно лице, двajца се повредени

Според изјавата на Ашраф aл-Кидр, портпарол на Министерството за здравство во Газа, загинатиот Палестинец е идентификуван како 18-годишниот Јусе Шабан Абу Адра.

Aness Suheil Barghoti  | 22.03.2017 - Обновена : 22.03.2017
Газа: Во израелско гранатирање загина едно лице, двajца се повредени

Gaza

ГАЗА (АА) - Еден палестински тинејџер загина, а две лица се повредени утринава во израелското гранатирање на јужниот дел на Појасот Газа, јавува Anadolu Agency (AA).

Според изјавата на Ашраф aл-Кидр, портпарол на Министерството за здравство во Газа, загинатиот Палестинец е идентификуван како 18-годишниот Јусе Шабан Абу Адра. Тој додаде дека уште две лица се повредени во гранатирањето на Рафа, во јужниот појас на Газа.

Сведоците прнесоа дека е извршено гранатирање со тенковски гранати и било пукано со тешко вооружување на источната граница на Појасот Газа.

Израелската војска сѐ уште не се огласи.

Кон средината на 2014 година, Израел 51 ден водеше кампања со разорно бомбардирање на Појасот Газа, при што беа убиени повеќе од 2.300 Палестинци, додека десетици илјади се повредени.

Според израелските извори, во судирите во 2014 година загинаа 68 војници и пет израелски цивили, додека 2.522 лица беа повредени, меѓу кои 740 војници.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın