свет

Газа: Почина Палестинецот кој беше повреден за време на демонстрациите

Стотици Палестинци беа повредени за време на протестите кои интензивно се одржуваат по одлуката на Трамп во различни области на Западниот Брег, Источен Кудс и Газа

Ali Semerci  | 23.12.2017 - Обновена : 24.12.2017
Газа: Почина Палестинецот кој беше повреден за време на демонстрациите

Palestinian Territory

ГАЗА (АА) - Во интервенција на израелската армија врз демонстрантите во Газа загина 28-годишниот Палестинец Шериф ел Абд Слас, јавува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот на Министерството за здравство на Палестина Ешреф Ал Kудра, за АА изјави дека Слас е сериозно повреден за време на протестите одржани во неделата во Газа поради неодамнешната одлука на Соединетите Американски Држави (САД) за признавање на Ерусалим (Кудс) како главен град на Израел.

Денес ја изгуби битката за живот. Стотици Палестинци беа повредени за време на протестите кои интензивно се одржуваат по одлуките на Трамп во различни области на Западниот Брег и Источен Кудс и Газа.

Откако американскиот претседател Доналд Трамп на 6 декември официјално го призна Ерусалим (Кудс) како главен град на Израел, израелските безбедносни сили уапсија повеќе од 250 Палестинци.

Нацрт-резолуцијата, во која се критикува и отфрла одлуката на Трамп, усвоена е на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации со 128 гласови за, додека против беа девет земји.

Против нацрт-резолуција за Кудс гласаа Соединетите Американски Држави (САД), Израел, Гватемала, Хондурас, Маршалски Острови, Микронезија, Науру, Палау и Того, а 35 земји се воздржаа од гласање.

Во гореспоменатата резолуција меѓу другото се вели дека неважечка е секоја одлука и акција што ќе го измени статусот, карактерот или демографскиот состав на Кудс.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın