свет

Германија забрани екстремно левичарски портал поради промоција на насилство

Забраната за работа пристигнува по помалку од два месеца од Самитот на Г-20 во Хамбург

Ekip  | 25.08.2017 - Обновена : 27.08.2017
Германија забрани екстремно левичарски портал поради промоција на насилство

Berlin

БЕРЛИН (АА) - Министерството за внатрешни работи на Германија ја забрани работата на интернет-страницата под обвинение дека го поттикнува насилството на екстремните левичари, вклучувајќи ги инцидентите за време на Самитот на Г-20 во Хамбург, јавува Anadolu Agency (AA).

Министерот за внатрешни работи, Томас де Мезиер, изјави дека страницата „inksunten.indymedia.org“ е одговорна за поттикнување на насилни дејства и напади врз инфраструктурни цели. Меѓу другото, Мезиер рече дека порталот нуди информации за тоа како да се направи гасна бомба и други уреди со тајмери.

Забраната за работа пристигнува по помалку од два месеца од Самитот на Г-20 во Хамбург, кој три ноќи беше жариште на жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите.

Исто така, полицијата изврши претрес во неколку простории на луѓе поврзани со интернет-страницата. Министерството соопшти дека минатата година ја забраниле работата на екстремно десничарскиот портал од истите причини.

Де Мезиер истакна дека нема место за радикален, насилен екстремизам во германското општество од која било страна.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.