свет

Германија и Иран повикаа на директни преговори во врска со кризата во Катар

Германскиот и иранскиот министер за надворешни работи денес повикааа на директни преговори меѓу арапските земји и Катар, за да се пронајде дипломатско решение во врска со заливската криза

Ayhan Şimşek  | 27.06.2017 - Обновена : 28.06.2017
Германија и Иран повикаа на директни преговори во врска со кризата во Катар Erbil Başay/АА

Berlin

БЕРЛИН (АА) - Германскиот и иранскиот министер за надворешни работи денес повикааа на директни преговори меѓу арапските земји и Катар, за да се пронајде дипломатско решение во врска со заливската криза, јавува Anadolu Agency (AA).

Зборувајќи на заедничка прес-конференција во Берлин, германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел, ги повика сите страни во кризата со Катар да одбегнуваат понатамошни тензии и да побараат решение на преговарачката маса.

„Се надеваме дека сите засегнати страни ќе влезат во директни преговори колку што е можно побрзо. Понатамошните тензии нема да бидат во ничиј интерес“, вели тој.

Габриел предупреди дека понатамошните тензии меѓу Катар и неговите соседи уште повеќе ќе ја продлабочат кризата во регионот.

Иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф, изрази поддршка за повикот на Габриел за директни преговори меѓу Катар и арапските земји.

„Нашиот регион не може да толерира понатамошни тензии“, истакна тој, повикувајќи на политичко решение за кризата.

Претходно овој месец, Саудиска Арабија, Египет, ОАЕ, Бахреин и Јемен ги прекинаа своите дипломатски односи со Катар, обвинувајќи ја земјата за мешање во внатрешните работи на другите земји и за поддршка на терористичките групи.

Тие исто така поставија и копнена, морска и воздушна блокада на Катар.

Катарската Влада цврсто ги негираше ваквите обвиненија и нагласи дека блокадата преставува кршење на меѓународното право.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.