свет

Германија: Обид да се запали џамија со молотови коктели

Пет лица фрлиле молотови коктели врз една џамија во градот Вајл на Рајна

Mesut Zeyrek  | 28.04.2017 - Обновена : 30.04.2017
Германија: Обид да се запали џамија со молотови коктели

Cologne

ВАЈЛ НА РАЈНА (АА) - Непознати лица извршиле напад со молотови коктели врз една џамија во германскиот град Вајл на Рајна, јавува Anadolu Agency (AA).

Синоќа, во 1.45 часот, пет лица фрлиле четири молотови коктели врз џамијата во рамките на Турско-исламската унија за верски работи (ДИТИБ), со намера да ја запалат.

Благодарение на дождливото време и поради тоа што фрлените молотови коктели се заглавиле на скршените прозорци, било спречено пожарот да се прошири. Во нападот е предизвикана мала материјална штета во надворешниот дел на џамијата.

Изјава за АА даде претседателот на одборот на џамијата, Неџати Џошкун, кој истакна дека синоќешниот напад е снимен на безбедносните камери, кои ги забележале лицата што утрово дошле на молитва. Тој рече дека по пријавата, полицијата пристигнала и спровела истрага, додавајќи дека за испитување на случајот, ги земала и снимените материјали од безбедносните камери.

Џошкун изјави дека за време на референдумот во Турција, германскиот печат објавил голем број негативни текстови. „Ваквите текстови, во очите на јавноста во Германија нѐ преставија како виновници. Јас потекнувам од Трабзон, североисточниот дел на Турција, и сум трговец кој живее тука. Со години живееме во мир во земјава и никогаш никому не сме му наштетиле. Како верски објект, не се мешаме во политиката и секогаш сме неутрални. Бараме колку што е можно поскоро да се фатат извршителите на овој напад и да ѝ се предадат на правдата“.

Претседателот на комисијата за човекови права при турскиот Парламент, Мустафа Јенероглу, во писменото обраќање во врска со нападот истакна дека е потребно да се преземат поголеми превентивни мерки против нападите насочени кон објектите за молитва и додаде дека од суштинско значење е борбата против непријателството кон исламот во вистинската смисла на зборот.

Јенероглу истакна дека ова е шести напад извршен во текот на 2017 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın